Околу CI информациите
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
ПодесувањаПрограмиCI информации
- Ова функција ви овозможува да следите некои кодирани услуги (услуги со плаќање).
- Ако го отстраните CI модулот, нема да можете да гледате платени програми.
- CI (Common Interface - Заеднички интерфејс) функциите може да бидат недостапни, што зависи од условите на емитување во земјата.
- Кога модулот ќе биде ставен во CI отворот, ќе можете да пристапите кон менито за модулот.
- За купување на модул и smart картичка обратете се до вашиот продавач.
- Кога телевизорот ќе се вклучи по ставање на CI модул, може да се случи да нема видео и аудио излез кај кодираните програми. Smart картичката може да не биде компатибилна со CI модулот.
- При користење на CAM (Conditional Access Module - Модул за условен пристап), проверете дали тој целосно ги задоволува барањата на DVB-CI или CI plus.
- Неправилен процес на CAM (Conditional Access Module - Модул за условен пристап) може да предизвика неквалитетна слика.
- [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.] Доколку телевизорот не прикажува никаков видео и аудио сигнал кога е поврзан CI+ CAM, ве молиме обратете се до вашиот оператор за копнена / кабелска / сателитска услуга.
Зачувување на CI лозинката
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
ПодесувањаПрограмиЗачувајте ја CI-лозинката
Внесете го Pin кодот во Зачувајте ја CI-лозинката. Откако ќе го зачувате Pin кодот, нема потреба да го внесувате.
Можете да ја видите опцијата Зачувајте ја CI-лозинката при вметнување на CI CAM (Модул за условен пристап) кој поддржува Pin код.