(Оваа функција е достапна само во одредени земји.)
Што претставува Time Machine Ready?
Time Machine Ready е функција која ви овозможува да ја снимате програмата која тековно ја гледате или сакате да ја погледнете, како и за премотување на тековно гледаната програма во реално време.

Моментално снимање

Моментално снимање на програмата која ја гледате.
  • Поради DRM, технологијата за заштита на содржини која се користи, снимениот видео запис не може да се репродуцира на компјутери или на други ТВ модели. Исто така, видео записот не може да се репродуцира доколку е заменета електронската компонента за видео на телевизорот.

Закажано снимање

Избор на саканата програма или поставување на време на снимање.

Репродуцирање

Репродукција на снимките.
(Оваа функција е достапна само во одредени земји.) Mожете да снимате дигитални програми пренесувани преку RF кабел.
Снимањето на содржини кои содржат авторски права не е поддржано.
Сите преноси се заштитени со авторски права така што пред да извршите репродуцирање на преносите, можно е да ви биде потребна дозвола од сопственикот на авторските права. Доколку корисникот сними аудио или видео содржина со помош на овој уред, снимките мора да бидат само за лична употреба. Продавањето, пренесувањето или изнајмувањето на снимките кои се заштитени со авторски права е забрането.
За да ја користите функцијата Time Machine, потребно е да поврзете USB HDD уред за складирање.
Видео записите снимени на други модели на телевизори не може да се репродуцираат.
Поставување на функциите за Time Machine Ready

OK Опција

Можете да ги менувате поставките на Time Machine Ready за време на користењето на функцијата Time Machine Ready.

Автоматско бришење за снимките

Старите снимки автоматски се бришат кога USB HDD уредот ќе биде полн, со цел да се обезбеди простор за зачувување на нови снимки.

Заштитените снимки не се бришат автоматски.
Снимките зачувани на USB HDD уред може да се оштетат. Производителот не сноси одговорност за какви било оштетувања на снимките, бидејќи за организирањето на податоците одговорни се корисниците.
Користење на моментално снимање
(Оваа функција е достапна само во одредени земји или за одредени модели.)
За моментално снимање на содржината што ја гледате, притиснете го копчето OK на далечинскиот управувач за магично движење и притиснете го копчето СНИМАЊЕ на лентата за напредок која ќе се појави.

Копчето Live TV се менува во копче за Престани со снимање кога снимањето е во тек.

Instant Recording

Моменталното снимање исто така може да се изврши преку копчето СНИМАЊЕ на далечинскиот управувач.
Поддржано е моментално снимање до 3 часа. За да го промените времето на завршување на снимањето, притиснете го копчето Запирање на снимањето и поставете ја опцијата Измена на време на завршување на снимањето.
Времето кое е достапно за снимање се разликува во зависност од капацитетот на вашиот USB HDD мемориски уред.
Притиснете го копчето OK за време на снимањето, за да се прикажат информации околу снимањето во горниот десен агол на екранот.
Функционирањето на копчето OK може да се разликува во зависност од земјата.
Доколку присилно го исклучите телевизорот за време на снимање, снимената содржина може да не биде зачувана. Идеално, пред исклучување на телевизорот би требало да го запрете снимањето и да проверите дали програмата е снимена.
Некои функции може да не се достапни додека е во тек снимањето.

Запирање на снимањето

Кога ќе се појави лентата за напредување, притиснете го копчето Запирање на снимањето. Алтернативно, можете да го изберете копчето Опции за запирање на лентата за напредување или притиснете го копчето СНИМАЊЕ на далечинскиот управувач и изберете Запирање на снимањето.

Промена на времето на завршување на снимањето

Кога ќе се појави лентата за напредување, изберете го копчето Опции за запирање или притиснете го копчето СНИМАЊЕ на далечинскиот управувач и изберете Измена на време на завршување на снимањето.

  • За опцијата Измена на време на завршување на снимањето можете да поставите до 5 часа.
  • Гледање на снимена ТВ програма

    OK Снимена ТВ

    Снимките зачувани на USB HDD уред може да се оштетат.

    Репродуцирај од местото на запирање на претходната репродукција

    Продолжување со репродукцијата на снимката која веќе сте ја активирале.

    Репродуцирај од почеток

    Репродуцирање на избраната снимка од почеток.
    Во Снимена ТВ може да се додадат до 300 снимки.
    Управување со снимките

    OK Снимена ТВ Бришење на избраната снимка

    Избриши

    Бришење на избраната снимка.

    Заштити

    Спречување на автоматско бришење на избраната снимка.

    Означи сè / Избриши ги сите ознаки

    Избирање или поништување на сите снимања.

    Излез од режим на означување

    Излез од режимот на избор и враќање на претходниот режим.

    Контролирање на репродукцијата на снимките
    При репродукција, притиснете го копчето OK на далечинскиот управувач.

    Playback Control

    1. Прилагодување на сликата при репродукција
    2. Преглед на снимките
    3. Зачувување на клип / Повторување
    4. Заштеда на енергија
    5. Приказ во 3D (компатибилно само со моделите кои поддржуваат 3D)
    6. Поставување опции за репродукција на снимките
    Закажување на снимка
    Оваа функција ви овозможува да снимате програма која сакате да ја погледнете на датум и време кое вие ќе го поставите. Притиснете го копчето OK на далечинскиот управувач и потоа кликнете на Распоред на лентата за напредување која ќе се појави.

    Scheduled Recording

    Избери го распоредот според програмата

    Можете да изберете програма на која ќе извршите Потсетување или Закажано снимање.

    Рачен тајмер

    Можете да изберете датум, време и канал за да извршите Потсетување или Закажано снимање.

    Функционирањето на копчето OK може да се разликува во зависност од земјата.
    Кога не е достапен Програмски водич, се прикажува само менито Рачно закажување.
    Должината на закажаното снимање мора да биде најмалку 2 минути.
    Проверка или менување на списокот со распоред

    OK Список со распоред

    Оваа функција можете да ја користите за проверка, менување или бришење на потсетувањето и закажаното снимање кое сте го поставиле.

    Schedule List

    Функционирањето на копчето OK може да се разликува во зависност од земјата.
    Во Список со распоред може да се додадат до 30 програми.
    Поврзете USB HDD уред за Time Machine Ready
    1. Подгответе USB HDD уред за складирање.

    2. Поврзете го USB HDD уредот на USB приклучокот кој е поставен странично или на задната страна од телевизорот.

    За функцијата Time Machine е потребен USB уред за складирање кој содржи хард диск драјв (HDD).
    Се препорачува да користите USB HDD уред со капацитет помеѓу 40 GB и 2 TB.
    За да отстраните USB HDD device, изберете Брзо мени USB уред. Пред отстранувањето, би требало да примите порака за потврда дека USB HDD уредот може да се отстрани.
    Доколку USB HDD уредот е неисправен, функцијата Time Machine може да не работи правилно.
    Доколку користите USB продолжителен кабел, USB уредот може да не биде препознаен или може да не функционира правилно.