Автоматско поставување на програмите

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Автоматско бирање

Автоматско бирање на програмите.
  1. Изберете Земја каде се користи телевизорот. Поставките за програмите се менуваат во зависност од земјата која ќе ја изберете.
  2. Иницирајте Автоматско бирање.
  3. Изберете влезен извор по ваш избор.
  4. Поставете Автоматско бирање следејќи ги инструкциите на екранот.
Пребарувањето на програмите со користење на поставката ЦЕЛОСНО може да трае долго време. За брзо и точно пребарување на сите достапни програми потребни се следните вредности. Вообичаено користените вредности се нудат како "зададени".

Насока на погон : Изберете ја насоката во која сакате да го придвижите моторот.

Режим на погон : Достапни се два режими: Чекор и Континуирано.

- Чекор: Моторот се придвижува врз база на вредноста која ќе ја внесете (од 1 до 128).

- Континуирано: Моторот се придвижува континуирано додека не притиснете Стоп.

Тест на TP : Изберете тест на TP кој сакате да го поставите.

Постави ограничување : Поставување на придвижувањето на моторот кон исток или запад единствено во рамките на поставените граници.

- Вклучено: Можете да го ограничите движењето до тековната насока преку избирање на Запад/Исток.

- Исклучено: Можете да го откажете ограничувањето кое сте го поставиле.

Оди на нула: Можете да го придвижите моторот на нула

Зачувај: Можете да ја зачувате тековната насока на моторот.

Поставување на кабелска DTV

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Поставување на каб. DTV

Кога Автом.ажур.на канали е поставено на Вклучено, можете да ги ажурирате информациите за сите програми, вклучувајќи ја и тековно гледаната програма. Кога Автом.ажур.на канали е поставено на Исклучено, можете да ги ажурирате информациите само за тековно гледаната програма.
Поставување на сателит

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Поставување на сателит

Можете да извршите додавање/бришење/поставување на саканиот сателит.
Ажурирање на листа на програми

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Ажурирање на листа на програми

[Само во режимите Сателит, Антена и сателит, Кабел и сателит]
Врши ажурирање на информациите за промена на листата на програми во зависност од условите на емитување за земјата и сателитот.
Врши ажурирање на листата на програми кога телевизорот постојано е исклучен. По ажурирањето, можно е менување на листата на програми. Доколку не сакате, изберете Исклучено.
Регионална програма

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Регионална програма

[Само за Австрија]
Поставување на регионалните преноси и гледање на регионалните преноси во одредено време.
Уредување на транспондер

SETTINGS ПОДЕСУВАЊЕ Измени Транспондер

[Ако програмскиот режим е поставен на Сателит]
Можете да додадете/измените/избришете транспондер.
Користење на Рачно бирање

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Рачно бирање

Рачно прилагодување на програмите и зачувување на резултатите.
За дигиталните преноси, можна е проверка на јачина на сигнал и квалитет на сигнал.
За аналогните преноси, можете да ги поставите имињата на станиците и да користите фино бирање (освен за сателитски режим). Фино бирање во нормални околности е потребно само ако приемот е слаб.
Уредување на програми

SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Уред. на програми

Уредување на зачуваните програми.
Поставување како омилена програма, блокирање/деблокирање програма, прескокнување програма итн. на избраната програма.