Програмата е наменета за облека која мора да се суши на рамно, без ротирање, вклучувајќи џемпери и облека од деликатен материјал.
За да ја користите оваа програма, треба да имате полица за сушење која се става во апаратот. Пред сушењето, отпакувајте ја полицата за сушење.
Некои модели не се продаваат со сите додатоци, па затоа ако не сте добиле полица за сушење, ќе треба да ја купите. Стапете во контакт со Центарот за информации за корисници на LG Electronics или посетете ја веб-страницата на LG на http://www.lg.com за да купите.
Отворете ја вратата.
Ставете ја куката на полицата за сушење во центарот од барабанот.

Ставете ја полицата за сушење на структурата над филтерот за влакненца и притиснете ја да завршите со поставувањето.

Ставете влажна облека на полицата. Направете простор помеѓу секое парче за да циркулира воздух.
Полицата за сушење нема да се мрда додека барабанот ротира.

Затворете ја вратата.
Вклучете и одберете Rack Dry (Сушење на полица).
Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Проверете го филтерот за влакненца и отстранете ги влакненцата што се насобрале од облеката што се сушела на полицата.
Копчињата More Time (Повеќе време) / Less Time (Помалку време) можат да се користат за попрецизно прилагодување на времето на сушење.