Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Користење на уредот од далечина

Користење на уредот од далечина

Remote Start (Далечинско започнување)

Користете паметен телефон за да можете далечински да го контролирате вашиот апарат. Исто така, можете да ја набљудувате и работата на одбраниот циклус за да знаете уште колку време преостанало од циклусот.

Користење на функцијава
  • Ставете ги алиштата во барабанот и затворете ја вратата на машината за сушење.

  • Притиснете на копчето Напојување.

  • Притиснете и држете го копчето Anti Crease (Против гужвање) 3 секунди за да ја вклучите функцијата за далечинска контрола.

  • Започнете го циклусот преку апликацијата LG ThinQ на вашиот паметен телефон.

НАПОМЕНА
  • Откако ќе се вклучи оваа функција, можете да го започнете циклусот само преку апликацијата за паметен телефон LG ThinQ. Ако циклусот не започне, машината ќе чека тој да започне сè додека не ја исклучите функцијата со далечинска контрола преку апликацијата.

  • Ако е отворена вратичката, циклусот не може да започне со далечинска контрола.

Рачно исклучете ја функцијава

Кога е активирана оваа функција, притиснете го и задржете го 3 секунди копчето Anti Crease (Против гужвање) .

Download Cycle (Преземање на циклус)

Преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.

Апаратите коишто биле успешно поврзани може да преземат различни посебни циклуси специфични за апаратот.

Откако ќе заврши преземањето на циклусот, апаратот ќе го задржи преземениот циклус, сė додека не преземете нов циклус.

НАПОМЕНА
  • Само еден циклус може да биде зачуван во апаратот истовремено.