Горе > БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА > ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ > Работење

Работење

  • Не обидувајте се да ги раздвоите панелите или да го расклопувате апаратот. Не применувајте остри предмети на контролната табла за да ракувате со апаратот.

  • Не поправајте и не заменувајте делови од апаратот самостојно. Сите поправки и сервисирања мора да ги изведе квалификуван сервисен персонал освен ако не е поинаку одредено во овој прирачник за користење. Употребувајте само овластени фабрички делови.

  • Под и околу вашиот апарат не треба да има запалливи материјали, како влакненца, хартија, крпи, хемикалии итн.

  • Не ставајте миленичиња или други животни во внатрешноста на апаратот.

  • Не оставајте ја вратата на овој апарат отворена. Децата може да се нишаат на вратата или пак да влезат во апаратот и да предизвикаат штета или да се повредат.

  • Никогаш не отворајте го апаратот додека работи. Почекајте додека не запре целосно барабанот.

  • Не ставајте во апаратот, не перете и не сушете алишта што биле исчистени, испрани, потопени или испрскани со запалливи или експлозивни супстанции (како на пример восок, масло, боја, бензин, одмастувачи, хемикалии за хемиско чистење, керозин, растително масло, масло за готвење итн.). Несоодветната употреба може да предизвика пожар или експлозија.

  • Во случај на поплава, исклучете го приклучокот за струја и стапете во контакт со Центарот за информации за корисници на LG Electronics.

  • Не притискајте ја вратата на апаратот надолу кога е отворена.

  • Не користете запаллив гас или експлозивни супстанции (бензол, бензин, разредувач, петролеј, алкохол итн.) во близина на машината.

  • Ако одводното или доводното црево замрзне во зима, користете го само откако ќе се одмрзне.

  • Чувајте ги настрана од дофат на деца сите детергенти за перење, омекнувачи и белила.

  • Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.

  • Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте тешки предмети врз него.