Со тек на време и употреба, апаратот може да создаде непријатни миризби што ќе ја замирисаат и облеката по сушењето. Ако ја користите оваа функција еднаш месечно (или по 30 сушења), ќе помагне да се намалат непријатните миризби од апаратот.
Отстранетете ги алиштата од апаратот.
Извадете го резервоарот за вода, испразнете ја кондензираната вода од него и вратете го назад во апаратот.
Вклучете ја машината.
Притиснете на копчето Drum Care (Грижа за барабан).
Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Оваа функција трае околу 3 часа.
Испразнете го резервоарот за вода по завршувањето на функцијата.
Кога ќе се постави опционалното црево за одвод нема потреба да го празните резервоарот за вода.
Отворете ја вратата од сушарата за да му обезбедите на апаратот доволно циркулација на воздухот и да се исцрпат останатите миризби.
Од безбедносни причини не дозволувајте им на децата и животните да влегуваат во апаратот. Тоа може да предизвика оштетување или повреда.