Апаратот ги мие влакненцата што се собираат на површината на кондензаторот, автоматски користејќи вода што е кондензирана од облеката за време на работењето. Со користењето на оваа функција за чистење еднаш месечно (или по 30 сушења) се измиваат влакненцата.
Отстранетете ги алиштата од апаратот.
Извадете го резервоарот за вода и испразнете го.
Полека истурете 1 литар чиста вода во влезот во преградата на резервоарот за вода. Потоа, резервоарот за вода вратете го на своето место.
Не брзајте додека ја истурате водата затоа што ќе се разлее.
Истурање на количина поголема од 1,5 литри ќе предизвика протекување.

Вклучете ја машината.
Притиснете и држете го копчето Condenser Care (Грижа за кондензатор) 3 секунди.
Притиснете го копчето Старт/Пауза за да започне чистењето на кондензаторот.
Чистењето трае 1 час.
Испразнете го резервоарот за вода откако ќе заврши чистењето.
Кога ќе се постави опционалното црево за одвод нема потреба да го празните резервоарот за вода.
Кога ќе заврши чистењето, отворете ја вратата од сушарата за да му обезбедите на апаратот доволно циркулација на воздухот за потемелно сушење на внатрешноста.
Од безбедносни причини не дозволувајте им на децата и животните да влегуваат во апаратот. Тоа може да предизвика оштетување или повреда.