Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

*1

Оваа функција е достапна само за некои модели.

Контролната табла може да се пронајде на вратата од фрижидерот или во самиот фрижидер, зависно од моделот.

Тип A
Тип B
  1. Fridge

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.

    • Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.

  2. Express Cool

    Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.

  3. Freezer

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.

    • Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.

  4. Express Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Притиснете го копчето Express Freeze за да се активира функцијата во траење од 24 часа. Функцијата автоматски се исклучува по 24 часа.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.

    • Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.

  5. Vacation

    Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Кога е вклучен овој режим, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.

    • Eco Friendly е преименувана во Vacation.

    ВНИМАНИЕ
    • Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.

    • Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.

  6. Wi-Fi*1

    Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART FUNCTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.

  7. Lock*1

    Ги заклучува копчињата на контролната табла.

    • За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека функцијата не се активира.

    • За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека функцијата не се деактивира.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за секоја преграда за 1 °C или едно ниво.

  • Прикажаната температура е целната температура, а не актуелната температура во апаратот.

  • Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура, количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте температура земајќи ги предвид овие фактори.

  • Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.

  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.