Горе > РАБОТЕЊЕ > Карактеристики на производот > Внатрешност (две ѕвезди a)

Внатрешност (две ѕвезди a)

*1

Оваа функција е достапна само за некои модели.

  1. LED светилка

    LED светилките во внатрешноста на производот се палат кога ќе ја отворите вратата на фрижидерот.

  2. Автомат за мраз*1

    Ова е просторот каде што автоматски се прави и се чува мразот.

  3. Полица на замрзнувач*1

    За чување замрзната храна, како на пример, месо, риба и сладолед.

    • За брзо замрзнување прехранбени производи, складирајте ја храната на полица, освен на горната полица. Прехранбените производи се замрзнуваат најбрзо на која било полица освен на горната полица.

  4. Фиока на замрзнувачот*1

    За складирање замрзната храна на подолго време.

    • Долната фиока не претставува преграда рангирана со 2 ѕвездички согласно новата регулатива за енергетско означување (EU) 2019/2016.

  5. Корпа на вратата на замрзнувачот

    За складирање мали пакувања замрзната храна. Не ставајте тука сладолед или храна која ќе биде складирана подолго време.

  6. Преграда Door in Door*1

    За складирање на секојдневна храна како закуски и пијалоци.

  7. Полица на фрижидер

    За складирање храна на која и е местото во фрижидер, како и свежа храна.

    • Храната што содржи повеќе влага складирајте ја на предниот дел од полицата.

    • Висината на полицата може да се регулира преку вметнување на полицата во друг процеп со различна висина.

    • Бројот на полици се разликува од модел до модел.

  8. Фиока за ужинки*1

    За чување мали пакувања разладена храна.

  9. Сензор за температура*1

    Овој сензор ја чувствува температурата во фрижидерот.

    • Одржувајте го растојанието меѓу сензорот и храната за точно да се утврди температурата.

  10. Резервоар за вода*1

    За чување вода за снабдување на диспензерот. Бара рачно полнење.

  11. Фиока на фрижидерот

    За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго.

  12. Корпа на вратата на фрижидерот

    За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.