Закажување на снимањето
(Лента за напредување) Распоред
Оваа функција ви овозможува да поставите датум и време за снимање на програма која сакате да ја погледнете.
Користете го DVR USB приклучокот доколку снимате на надворешен USB мемориски уред.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

Можете да активирате Распоред преку
Time Machine Распоред.
Time Machine Распоред. | ТВ водич | Рачен тајмер |
Можете да ја изберете саканата програма и да ја ставите во распоредот за гледање или снимање.
|
Можете да изберете датум, време и канал за ставање во распоредот за гледање или снимање.
|
Кога не е достапен Програмски водич, се прикажува само менито Рачен тајмер.
Должината на закажаното снимање мора да биде најмалку 2 минути.
Проверка или менување на списокот со распоред
(Лента за напредување) Список со распоред
Оваа функција можете да ја користите за проверка, менување или бришење на поставениот распоред за гледање и снимање.
Во Список со распоред може да се додадат до 30 програми.
Можете да активирате Список со распоред преку
Time Machine Список со распоред.
Time Machine Список со распоред.