Што претставува Time Machine?
Тоа е функција која можете да ја користите за снимање на програмата која тековно ја гледате или сакате да ја погледнете, како и за премотување на тековно гледаната програма во реално време.
Моментално снимање Моментално снимање на програмата која ја гледате.
Закажано снимање Избор на саканата програма или поставување на време на снимање.
Репродуцирај Репродукција на снимките.
Live Playback Премотување на програмата која ја гледате во реално време.
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.] Исто така, можете да снимате дигитални/аналогни програми пренесувани преку RF кабел и содржини репродуцирани преку AV IN влез.
Не е поддржано снимање на содржини заштитени со авторски права, кои се добиени од дигитален приемник преку поврзување на AV приклучок. Снимањето на оригинални DVD/Blu-ray наслови исто така не е поддржано.
Сите преноси се заштитени со авторски права; пред да извршите репродуцирање на преносите, можно е да ви биде потребна дозвола од сопственикот на авторските права. Доколку корисникот сними аудио или видео содржина со помош на овој уред, снимките мора да бидат само за лична употреба. Продавањето, пренесувањето или изнајмувањето на снимките кои се заштитени со авторски права е забрането.