Што претставува функцијата Live Playback (репродукција во реално време)?
Тоа е функција која можете да ја користите за зачувување на тековно гледаната програма привремено на USB уред, за да можете да репродуцирате одредена сцена која сте ја пропуштиле за време на гледањето телевизија. Оваа функција ви овозможува да продолжите со гледањето од местото каде што сте запреле доколку накратко сте морале да прекинете.
За користење на функцијата Live Playback мора да го поставите режимот Live Playback на ВКЛУЧЕНО откако ќе поврзете USB уред.
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.] Оваа функција работи за аналогни/дигитални програми и AV режим на влез.
Со помош на функцијата Live Playback, можете да репродуцирате програма со траење до два часа. Ова време може да се разликува во зависност од регионот.
Кога се наоѓате во режимот Live Playback, снимките складирани од оваа функција ќе бидат избришани доколку го исклучите телевизорот без да извршите снимање.
Користење на функцијата Live Playback (репродукција во реално време)
Употребете го левото или десното навигациско копче на Далечинскиот управувач за магично движење за премотување на гледаната содржина наназад или нанапред по 10 секунди.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

Исто така можете да ја користите функцијата Live Playback со помош на левото или десното навигациско копче на стандарден далечински управувач.