Прилагодување на сликата со Волшебник за слика III
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА Волшебник за слика III
Користете го далечинскиот управувач и следете ги упатствата на Волшебник за слика III за калибрирање и прилагодување со цел да добиете слика со оптимален квалитет без потреба од скапи уреди за шеми на слика или помош од стручно лице.
Следете ги упатствата за добивање на слика со оптимален квалитет.
За да изберете Режим на слика
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА Режим на слика
Избирање режим на слика кој е оптимизиран за дадените услови за гледање или програмата.
Живописно Се зголемува контрастот, осветленоста и острината за прикажување на живописна слика.
Стандардно Сликата се прикажува со стандардно ниво на контраст, осветленост и острина.
Eco / APS [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Режимот ECO / APS (Автоматска заштеда на енергија) ја намалува потрошувачката на енергија со контрола на затемнувањето.
THX Кино / Кино [THX Кино : Во зависност од моделот]
Приказ на оптималната слика за филмови.
Спорт / Фудбал [Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Режим на слика кој е оптимизиран за спорт. Теренот и дресовите се прикажуваат со живописни бои, со кристално јасна слика дури и кај сцените со брзи движења.
Игра Приказ на оптималната слика за игри.
Фотографија [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Приказ на оптималната слика за фотографии (неподвижни слики).
Експерт Мени за прилагодување на квалитетот на сликата кое на експертите и љубителите им овозможува да уживаат во најдобра ТВ слика. Ова мени се одликува со ISF сертификат и е наменето за експертите за прилагодување на сликата. (ISF логото може да се користи само на телевизори со ISF сертификат.)
ISFccc : Imaging Science Foundation Certified Calibration Control
Во зависност од влезниот сигнал, достапниот опсег на режими на слика може да се разликува.
Експерт режимот е наменет за стручните лица за прилагодување на сликата за контролирање и фино прилагодување на конкретна слика. За нормална слика, ефектите може да не бидат очигледни.
THX сертификатот е единствениот референтен тест за перформанси кој е истовремено признаен од професионалните и обичните корисници. Телевизорите со THX сертификат се подложуваат на повеќе од 400 тестови со цел да се постигне врвен квалитет на сликата и да се овозможи доживување при гледањето филмови со неверојатната јасност и детали кои се достапни во филмските студија.
Фино прилагодување на режимот на слика
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА OLED СВЕТЛО или Светло на позадина или Светло на плочата / Контраст / Светлина / Острина / Боја / Нијанса / Темп. боја
Прво изберете Режим на слика по ваш избор.
OLED СВЕТЛО OLED TV
Прилагодување на осветленоста на екранот преку менување на осветленоста на OLED панелот.
Светло на позадина LCD TV
Прилагодување на осветленоста на екранот преку прилагодување на задното осветлување. Вредностите поблиску до 100 значат посветол екран.
Светло на плочата PDP TV
Прилагодување на осветленоста на екранот преку менување на осветленоста на PDP панелот.
Контраст Прилагодување на нивото на контраст за контролирање на разликата помеѓу светлите и темните делови на сликата. Вредностите поблиску до 100 значат поголема разлика.
Светлина Прилагодување на општата осветленост на екранот. Вредностите поблиску до 100 значат посветол екран.
Острина Прилагодување на острината која ги прави рабовите да изгледаат чисти и прави. Вредностите поблиску до 50 значат почисти рабови.
Боја Прилагодување на општиот тон на боите на екранот кој ги прави посветли или потемни. Вредностите поблиску до 100 значат потемни бои.
Нијанса Прилагодување на рамнотежата меѓу црвената и зелената боја прикажани на екранот. Вредностите поблиску до Црвено 50 значат посилна црвена боја. Вредностите поблиску до Зелено 50 значат посилна зелена боја.
Темп. боја Се прилагодува глобалниот тон на боите кон топло или ладно.
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може да се разликува.
Поставување на напредна контрола
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА Напредна контрола или Експертска контрола
Калибрирање на екранот за конкретните режими на слика или прилагодување на поставките за добивање на специфична слика.
Прво изберете Режим на слика по ваш избор.
Динамичен контраст Прилагодување на контрастот кон оптималното ниво во зависност од осветленоста на сликата.
Процесор за проширување на боите OLED TV
Врши компензација на боите на сликата за да бидат најсоодветни во однос на визуелните карактеристики на гледачите.
Динамична боја LCD TV PDP TV
Прилагодување на боите за добивање на бои со поприроден изглед.
Претпочитана боја Боја на кожа : Спектарот на боите на кожата може одделно да се поставува за да се добие боја на кожа по избор на корисникот.
Боја на трева : Спектарот на боите на природата (ливади, падини итн.) може одделно да се поставува.
Боја на небо : Бојата на небото се поставува одделно.
Супер резолуција Обезбедување на кристално јасна слика преку подобрување на деталите во областите каде сликата е заматена или нејасна.
Гама Поставување на кривата за градација според излезот на сигналот за слика во однос на влезниот сигнал.
Опсег на боја Избор на опсегот на бои кој може да се прикаже.
Подобрување на рабовите [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Прикажува појасни и остри, а сепак природни рабови на видео записот.
xvYCC [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Прикажување на побогати бои.
Филтер на боја Филтрирање на специфичен спектар од RGB боите за прецизно поставување на заситеноста на боите и нијансата.
Експертска шема Шеми кои се користат за експертско прилагодување.
Баланс на белата боја Прилагодување на боите на екранот кон топло или ладно чувство.
Систем за управување со бои Оваа функција се користи од страна на експертите кога ги прилагодуваат боите со помош на тест шема од шест бои (црвена / зелена / сина / цијан / магента / жолта) без влијаење врз другите подрачја на боите. За нормална слика, прилагодувањата може да не резултираат со забележителна промена на боите.
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може да се разликува.
Поставување на дополнителните опции за слика
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА Опција на слика
Прилагодување на деталните поставки за слика.
Редукција на шум Отстранување на малите точки кои се генерираат случајно за приказ на почиста слика.
Намалување на MPEG шумот Се намалува шумот предизвикан од компресирање на дигиталниот видео запис.
Ниво на црна боја Прилагодување на затемнувањето на екранот за компензација на осветленоста и контрастот на екранот.
Вистинско кино Приказ на слика токму онаква каква што гледате во кино.
Заштита на очи [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Прилагодување на осветленоста според промените во движењето на сликата за спречување на отсјајот и намалување на потрошувачката на енергија.
Заштита на очите при движења [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Автоматски ја прилагодува осветленоста и го намалува заматувањето на сликата врз база на податоците за сликата за да го намали оптоварувањето на очите.
  • Не функционира при гледање 3D слика.
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може да се разликува.
Ресетирање на Режим на слика
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА Ресетирање на слика
Ресетирање на вредностите кои се прилагодени од страна на корисникот.
Секој од режимите на слика се ресетира. Изберете го режимот на слика кој сакате да го ресетирате.