Автоматско поставување на програмите
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Автоматско бирање
Автоматско бирање на програмите.
  1. Изберете Земја каде се користи телевизорот. Поставките за програмите се менуваат во зависност од земјата која ќе ја изберете.
  2. Иницирајте Автоматско бирање.
  3. Изберете влезен извор по ваш избор.
  4. Поставете Автоматско бирање следејќи ги инструкциите на екранот.
Ако влезниот извор не е правилно поврзан, регистрирањето на програмата може да не функционира.
Со Автоматско бирање се пронаоѓаат само програмите кои емитуват содржини во моментот.
Ако е вклучен Системот за заклучување, ќе се прикаже појавувачки прозорец и од вас ќе се побара лозинка.
Опција Поставување на кабелска DTV
Пребарувањето на програмите со користење на поставката ЦЕЛОСНО може да трае долго време.
За брзо и точно пребарување на сите достапни програми потребни се следните вредности. Вообичаено користените вредности се нудат како "зададени".
Фреквенција Внесете фреквенција дефинирана од страна на корисникот.
Стапка на симболи Брзина со која уред, како на пример модем, испраќа симболи на програма.
Модулација Вчитување на аудио или видео сигнали на носач.
ID на мрежа Единствен идентификатор доделен за секој корисник.
Почетна фреквенција Внесете почетен фреквентен опсег дефиниран од страна на корисникот.
Крајна фреквенција Внесете краен фреквентен опсег дефиниран од страна на корисникот.
Опција Поставување на сателит
Сателит Изберете го саканиот сателит.
Фреквенција на LNB [Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Изберете една вредност помеѓу 9750 / 10600, 9750 / 10750, 9750, 10600,10750, 5150, MDU1, MDU2, MDU3, MDU4, MDU5.
Ако изберете 9750 / 10600, 9750 / 10750(MHz), се оневозможува 22kHz тон. Ако на листата не можете да ја најдете Фреквенцијата на LNB, изберете Корисник и рачно внесете ја фреквенцијата.
Транспондер Изберете го транспондерот кој сакате да го поставите.
22kHz тон При користење на преклопник за 22KHz тон, изберете A или B. Ако користите 22KHz тон, Unicable и Тип на мотор се оневозможени.
LNB напојување За да овозможите напојување со енергија за LNB, изберете Вклучено. Ако изберете Исклучено, Тип на мотор е оневозможено.
DiSEqC При користење на DiSEqC, изберете една опција од A~D / ТонA~B. Ако користите DiSEqC, Unicable и Тип на мотор се оневозможени.
Unicable поставки Изберете Вклучено за користење на Unicable и поставете Unicable во менито Unicable поставување. Кога Unicable е овозможено, 22KHz тон, DiSEqC, Тип на мотор се оневозможени.
Тип на мотор Изберете Тип на мотор за користење на моторот и поставете го моторот во менито Поставување на мотор. Кога Мотор е овозможено, 22KHz тон, DiSEqC, Unicable се оневозможени.
Ако опцијата Сателит ја поставите на Други, мора да додадете транспондер со помош на Рачно бирање или Уредување на транспондер.
При избор на 22kHz тон и DiSEqC, морате да ги поврзете на истата позиција како што е прикажано на OSD.
Ако избришете сателит, сите програми зачувани за тој сателит ќе бидат избришани.
Опција Поставување на мотор
Насока на погон Изберете ја насоката во која сакате да го придвижите моторот.
Режим на погон Достапни се два режими: Чекор и Континуирано.
  • Чекор: Моторот се придвижува врз база на вредноста која ќе ја внесете (од 1 до 128).
  • Континуирано: Моторот се придвижува континуирано додека не притиснете Стоп.
Тест на TP Изберете Тест на TP кој сакате да го поставите.
Постави ограничување Поставување на придвижувањето на моторот кон исток или запад единствено во рамките на поставените граници.
  • Вклучено: Можете да го ограничите движењето до тековната насока преку избирање на Запад/Исток.
  • Исклучено: Можете да го откажете ограничувањето кое сте го поставиле.
Оди на нула Можете да го придвижите моторот на нула.
Зачувај Можете да ја зачувате тековната насока на моторот.
Поставување на каб. DTV
[Ако програмскиот режим е поставен на Кабел]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Поставување на каб. DTV
Оператор на услуги Поставете Оператор на услуги.
При менување на Оператор на услуги, постоечките зачувани програми се бришат и се извршува Автоматско бирање.
Автом. ажур. на канали
  • Вклучено : Можете да ги ажурирате информациите за сите програми, вклучувајќи ја и тековно гледаната програма.
  • Исклучено : Можете да ги ажурирате информациите само за тековно гледаната програма.
Опсегот што корисникот може да го избере од менито Оператор на услуги се разликува во зависност од бројот на Оператори на услуги кои ги поддржува одредена земја.
Ако бројот на поддржани Оператори на услуги за одредена земја е 1, соодветната функција станува неактивна.
Нема да можете да изберете Поставување на каб. DTV кога за оператор на услуги е поставено "Ziggo".
Поставување на сателит
[Ако програмскиот режим е поставен на Сателит]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Поставување на сателит
Можете да извршите додавање/бришење/поставување на саканиот сателит.
Ажурирање на листа на програми за Tivu
[Само за Италија]
[Ако програмскиот режим е поставен на Сателит]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Ажур. на лист. со прог. на Tivu
Врши ажурирање на информациите за промена на листата на програми во зависност од условите на емитување за земјата и сателитот.
Врши ажурирање на листата на програми кога телевизорот постојано е исклучен. По ажурирањето, можно е менување на листата на програми. Доколку не сакате, изберете Исклучено.
Ажурирање на листа на програми
[Ако програмскиот режим е поставен на Сателит]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Ажур. на листата на прог.
Врши ажурирање на информациите за промена на листата на програми во зависност од условите на емитување за земјата и сателитот.
Врши ажурирање на листата на програми кога телевизорот постојано е исклучен. По ажурирањето, можно е менување на листата на програми. Доколку не сакате, изберете Исклучено.
За Австрија, Чешка, Украина, Словачка, Казахстан, Турција, Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Германија, Полска и Русиј, оваа функција е поддржана кога Оператор на услуги не е поставено на Нема.
Регионална програма
[Само за Австрија]
[Ако програмскиот режим е поставен на Сателит]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Регионална програма
Поставување на регионалните преноси и гледање на регионалните преноси во одредено време.
За поставување на Оператор на услуги за Сателит, мора да се избере AKTIV.
Уредување на транспондер
[Ако програмскиот режим е поставен на Сателит]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Уредување на транспондер
Можете да додадете/измените/избришете транспондер.
Доколку Земја се постави на Русија, притиснете го копчето Регист. како домашен ТП на екранот за да го поставите саканиот транспондер на База.
Користење на Рачно бирање
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Рачно бирање
Рачно прилагодување на програмите и зачувување на резултатите.
За дигиталните преноси, можна е проверка на јачина на сигнал и квалитет на сигнал.
Исто така, можете да прилагодите фреквенција (kHz) и Пропусен опсег.
Уредување на програми
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДЕСУВАЊЕ Уред. на програми
Уредување на зачуваните програми.
Поставување како омилена програма, блокирање/деблокирање програма, прескокнување програма итн. на избраната програма.