Користење на Премиум
Премиум
Оваа услуга ви нуди едноставен пристап до широк избор на содржини, како видео, новости и UCC, во секое време, под услов да сте поврзани на мрежа. Како Премиум содржини, покрај глобално обезбедените содржини, понудени се и специјализирани услуги кои се специфични за дадената земја земајќи ги во предвид регионалните културни интереси.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

- Пребарување
- Најавување
- Премиум содржини
Изберете ги содржините кои сакате да ги користите. - Додај во Мои апл.
- Поставување опции
Користење на содржини со плаќање
За одредени премиум содржини потребно е плаќање на надоместок. Услугите со надоместок може да се плаќаат преку сопствениот систем за наплаќање на LG Electronics или преку системот за наплаќање на обезбедувачот на содржините.
Пред да можете да го користите LG системот за наплаќање, ќе биде потребно да се зачлените и да ги регистрирате вашите информации за плаќање на телевизорот или на веб-сајтот (www.lgappstv.com ) за да купувате содржини со плаќање.
Можете да се зачлените на екранот за најавување на вашиот телевизор или преку нашиот веб-сајт. Потоа ќе можете да се најавите на телевизорот и веб-сајтот со еден ID.
- Кликнете на копчето Најавување во горниот десен агол на почетната страница за да се најавите.
- Префрлете се на саканата Премиум услуга.
(За одредени премиум услуги, потребно е одделно најавување по зачленувањето за премиум услугата.) - Откако ќе ги проверите ценовните и сервисните информации за услугата, кликнете на копчето за купување. (Можни се ограничувања во однос на периодот на достапност и бројот на користења во зависност од содржината.)
- Откако процесот на купување ќе биде завршен, погледнете ги купените содржини преку кликнување на копчето Купи.
- Изберете го вашиот ID во горното мени на почетниот екран и проверете ја историјата на купувања преку Моја страница Барање за плаќања. Истото е достапно и преку Моја страница Историја на купувања на веб-сајтот (
www.lgappstv.com ).
Веб-сајтот (www.lgappstv.com ) не е достапен во одредени земји.
Ресетирање на Премиум
Премиум Опција Иницијализација на Премиум
Ресетирање на Премиум листата, Премиум информациите, поставките за земја и корисничките информации за најавување. Со ресетирањето ќе се разрешат грешките кои настанале при ажурирањето на Премиум услугата.
Содржините понудени од обезбедувачите на услуги подлежат на промени или бришење без претходно известување, заради подобрување на квалитетот на услугата. За прашања, разрешување на проблеми или најнови информации за содржините, посетете го веб-сајтот на обезбедувачот на соодветната содржина. LG Electronics не прифаќа никаква правна одговорност за услугите кои нудат содржини и поврзаните информации, дури и кога услугата ќе биде прекината од страна на обезбедувачот на соодветната услуга.
Вашата интернет врска може да влијае врз квалитетот на Премиум услугата. За какви било прашања поврзани со брзината на интернет и други технички проблеми, обратете се до вашиот обезбедувач на интернет услугата.
За најдобар квалитет на услугата, ви препорачуваме да се претплатите кај интернет оператор кој нуди брзина од 4,0 Mbps (1,5 Mbps или побрзо). Доколку имате проблеми со брзината на интернет врската, обратете се до вашиот обезбедувач на интернет услугата.
Одредени обезбедувачи може да нудат услуги кои не се прикладни за децата. Се советува претпазливост од страна на родителите.