Често поставувани прашања за Smart TV
За користење на LG Smart World потребно е да се регистрирате.
Веднаш по зачленувањето ќе ви бидат достапни бесплатни апликации, но ќе треба да го регистрирате вашиот метод за плаќање за да можете да ги користите апликациите со плаќање.
Можете да се зачлените и да ги регистрирате методите за плаќање преку вашиот телевизор или преку нашиот веб-сајт.
(www.lgappstv.com)
Проблем Решение
При отворање на менито, секогаш се прикажува пораката "Иницијализирање".
  • Пораката "Иницијализирање" покажува колку време ќе биде потребно за рестартирање на микропроцесорот и хардверот, поставување на мрежната комуникација и комуникацијата со SDP (автентикација на уред и преземање на основни информации). Постапката трае околу 20 секунди и ова е нормален процес.
Не се прикажуваат содржини на Премиум картичката.
  • Можно е да не се прикажуваат содржини по менувањето на поставките за државата на Smart TV. Префрлете се на саканата држава во
    This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ОПЦИЈА Параметри на услуги на државата.
При користење на интернет функциите, на некои веб-страници има празен простор.
  • Интернет поддржува само HTML5 медиски содржини, но не и Flash Plug-in додаток.
При посета на веб-сајт, интернет автоматски се затвора.
  • Доколку меморијата не е доволна заради големиот број на информации со слики на веб-страницата, интернет може присилно да биде затворен.
Веќе се зачленив на телевизорот. Дали е потребно повторно да се зачленам и на веб-сајтот?
(www.lgappstv.com)
  • Доколку се зачлените на вашиот телевизор, не е потребно дополнително зачленување на веб-сајтот на LG (www.lgappstv.com).
    По зачленувањето на телевизорот, ќе можете да се најавите на веб-сајтот со користење на истиот ID и лозинката, и со внесување на дополнителните информации за комплетирање на постапката за e-mail проверка.
Дали одделните членови на семејството може да имаат различен ID за еден телевизор?
  • Можно е регистрирање и користење на повеќе од еден ID на еден телевизор.
  • За проверка на ID кој е регистриран на телевизорот, отворете This is the Home button on the Magic remote control. Најавување Идентификациска листа.
  • Можете да ја проверите листата на апликации кои се купени од секој ID. Исто така, можете да ја погледнете листата на апликации инсталирани од секој ID преку This is the Home button on the Magic remote control. Најавување Моја страница.
Што треба да направам доколку го заборавам мојот ID?
  • По зачленување на PC, кога е потребно употребете ја функцијата "Forgot ID?" на веб-сајтот (www.lgappstv.com).
  • По зачленување на телевизор, проверете преку This is the Home button on the Magic remote control. Најавување Најди ID.
Купив апликација од веб-сајтот LG TV Apps. Како можам да ја користам на телевизорот?
  • За да ги проверите купените апликации од телевизорот, најавете се и отворете го менито Купени апликации.
    Изберете ID во горниот дел на почетниот екран и проверете ја апликацијата во Моја страница Купени апликации.
Дали можам да погледнам историја на моите купени апликации?
  • Изберете ID во горниот дел на почетниот екран и проверете ја апликацијата во Моја страница Купени апликации.
  • Најавете се на веб-сајтот (www.lgappstv.com) и потоа изберете Моја страница Историја на купувања.
Избришав платена апликација. За да ја превземам, дали треба повтрно да ја купам?
  • Доколку купена апликација случајно се избрише, можете да ја превземете и да ја преинсталирате без да мора повторно да ја купите, сè додека таа се нуди.
    Изберете ID во горниот дел од почетниот екран и повторно превземете ги апликациите од Моја страница Купени апликации. (Апликациите кои претходно сте ги поседувале може да не бидат повторно преземени или извршени во зависност од софтверската верзија.)
Дали ќе можам да ги користам апликациите од LG Smart World за LG Smart телевизорите, како на телевизор, така и на PC?
  • Проверете дали вашиот модел на телевизор поддржува LG Smart World.
  • Апликациите понудени од LG Smart World за LG Smart телевизорите можат да се користат само на LG Smart телевизор.
  • Апликациите може да се купат од веб-сајтот (www.lgappstv.com) но не можат да се користат на PC или Mac. Обрнете внимание при купувањето.
Како можам да го проверам ID идентификаторот кој тековно е најавен на телевизорот?
  • Изберете ID во горниот дел на почетниот екран и проверете го тековно најавениот ID во Моја страница Мои информации.
Инсталирав апликација на телевизорот. Каде можам да ја проверам инсталираната апликација?
  • Изберете This is the Home button on the Magic remote control. Мои апликации. Ќе се прикажат сите платени и бесплатни апликации кои се инсталирани на телевизорот.
Постои разлика помеѓу големината на апликацијата прикажана на екранот и вистинската големина на апликацијата инсталирана на телевизорот.
  • Големината на апликацијата прикажана на екранот вклучува дополнителен простор кој е потребен за инсталирање, така што големината може да се разликува од вистинската големина на инсталираната апликација.
Ја заборавив мојата лозинка на телевизорот. Што треба да направам?
  • Доколку при зачленувањето на вашиот телевизор понудите само ID и лозинка, нема да можете да ја вратите вашата лозинка кога ќе ја загубите. Креирајте нов ID и зачленете се со тој ID.
  • Ако при зачленувањето на вашиот телевизор или веб-сајтот на LG
    (www.lgappstv.com) понудите и други информации освен ID и лозинка, ќе можете да ја вратите вашата лозинка на веб-сајтот.
Дали е потребно да ги зачувам информациите за плаќање на веб-сајтот за да купам апликации со плаќање?
  • Следните методи на плаќање се достапни за купување на апликации со плаќање на вашиот телевизор: кредитна картичка, кредити и наплата од оператор.
    За да купите апликации со плаќање преку кредитна картичка или кредити, потребно е на LG веб-сајтот да имате регистрирано кредитна картичка (www.lgappstv.com) или да имате доволно кредити. Апликациите со плаќање исто така може да се купат преку наплата од операторот доколку вашата кредитна картичка не е регистрирана на веб-сајтот или немате доволно кредити. Ако купувате апликации со плаќање на веб-сајтот, достапни се следните методи за плаќање: кредитна картичка или кредити.
Дали можам да откажам апликација која сум ја купил?
  • Како член не можете да барате враќање на пари само заради што сте се премислиле по купувањето.
  • Ако има дефект кај производот или проблем со неговото користење кој не е предизвикан по ваша вина, можете да побарате враќање на пари. Сепак, мора да биде понудена валидна причина за враќањето на парите.
Се зачленив на мојот телевизор, но не можам да купувам апликации со плаќање.
  • За да купите апликации со плаќање, потребно е на веб-сајтот да имате регистрирано кредитна картичка. (www.lgappstv.com)
    Исто така, вашиот кредит можете да го подготвите преку дополнување на веб-сајтот за нивно купување.
    Нема да можете да купувате апликации со плаќање ако деталите за вашата кредитна картичка не се регистрирани или немате доволно кредит.
Дали треба да користам само e-mail адреса за мојот ID?
  • За новите корисници кои сакаат да се зачленат, ID форматот е променет од комбинација на алфанумерички знаци во облик на вашата e-mail адреса.
  • При зачленување, за вашиот ID можете да користите единствено e-mail адреса.
Дали морам да го променам форматот на мојот ID во e-mail адреса?
  • За новите корисници кои сакаат да се зачленат, ID форматот е променет од комбинација на бројки и букви во облик на e-mail адреса.
  • Доколку веќе сте член, вие сè уште ќе можете да го користите вашиот постоечки ID или да го промените со e-mail адресата.
Што претставува LG сметката?
  • LG сметката ви овозможува да се најавите на сите LG Smart услуги со единствен ID и лозинка.
    Со вашата LG сметка ќе можете да ги користите следните услуги
    LG Smart TV, LG Smart World (со исклучок на одредени земји), LG Smart ThinQ и LG Smart air conditioning итн.
  • Во зависност од услугата, може да бидат побарани дополнителни информации.