Поврзување на USB уред
Поврзете USB уред за складирање (надворешен HDD , USB меморија) на USB приклучокот од телевизорот за да можете на вашиот телевизор да уживате во фајловите со содржини кои се складирани на USB уредот.
За да отстраните USB уред за складирање, изберете Брзо мени USB уред кој сакате да го отстраните; немојте физички да го откачувате уредот додека не се прикаже пораката дека USB уредот е отстранет. Доколку порано го откачите уредот, може да настане грешка на телевизорот или USB уредот за складирање.
Откако USB уред ќе биде избран за отстранување, неговите содржини веќе не можат да се исчитуваат. Извадете го USB уредот за складирање и повторно вметнете го.
Користење на USB уред за складирање - предупредување
Ако USB уредот за складирање има вградена програма за автоматско препознавање или користи сопствен драјвер, тој може да не функционира.
Некои USB уреди за складирање може да не функционираат или да не функционираат правилно.
Доколку користите USB продолжителен кабел, USB уредот може да не биде препознаен или може да не функционира правилно.
Користете само USB уреди за складирање форматирани со Windows FAT32 или NTFS систем на фајлови.
За надворешни USB HDD дискови, се препорачува да користите уреди со номинален напон помал од 5 V и номинална струја помала од 500 mA.
Со овој уред се препорачува користење на USB хаб или хард диск со сопствено напојување. (Доколку снагата на напојувањето не е доволна, USB меморискиот уред може да не биде правилно детектиран.)
Се препорачува капацитет на USB мемориски уреди од 32 GB или помалку, а за USB HDD дискови - капацитет од 2 TB или помалку.
Ако USB HDD со функција за заштеда на енергија не функционира правилно, исклучете го напојувањето и повторно вклучете го. За повеќе информации, погледнете во упатството за користење на USB HDD .
Податоците од USB уредот за складирање може да се оштетат, затоа водете сметка да направите резервна копија од важните фајлови на други уреди. Одржувањето на податоците е обврска на корисникот и производителот не е одговорен за загубата на податоците.