Овој модел има омекнувач на вода со цел да ја омекне тврдата вода.
Доколку не е потребно, апаратот може да се користи и без сол, но нивоата на тврдоста треба да се подесат на H0 за да не остане да свети исконата.
За да се постигнат добри резултати на плакнење, на апаратот му е потребна мека вода, односно, со малку или без бигор, во спротивно ќе останат дамки на садовите и внатрешноста на апаратот.
Ако водата од чешма надминува одредено ниво на тврдост, таа мора да омекне, односно да се декалцифицира. Ова се постигнува со додавање сол во омекнувачот за машината. Потребната количина на сол се одредува според тоа колку е тврда водата од чешма.