Горе > БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА > ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ > МОНТАЖА

МОНТАЖА

  • Никогаш не обидувајте се да го користите апаратот ако е оштетен, ако не функционира правилно, ако е делумно расклопен или ако му недостасуваат делови или пак се скршени, како и ако му е оштетен кабелот или приклучокот.

  • Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со овластен центар за сервис.

  • Не менувајте го кабелот за напојување што доаѓа со апаратот. Доколку има проблем, посоветувајте се со Центарот за информации за клиенти на LG.

  • Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.

  • Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.

  • Не користете повеќекратни штекери, продолжен кабел или адаптер со овој апарат.

  • Исклучете го кабелот за напојување, осигурувачите од домот или прекинувачот на колото пред да го монтирате или сервисирате апаратот.

  • Ако сакате да го преместите или монтирате производот на друго место, повикајте сервис за монтирање и услуги.

  • Цврсто поставете го одводното црево на своето место.

  • Овој апарат не е наменет за бродови, ниту пак за употреба на подвижни локации, како во автобуси, приколки или авиони.

  • Апаратот мора да биде поставен во близина на електрично напојување.

  • Кога го монтирате или преместувате апаратот, внимавајте да не го притиснете, прекршите или оштетите кабелот за напојување.

  • Користете нови црева или комплетот црева испорачани заедно со уредот. Повторната употреба на стари црева може да предизвика протекување на вода и подоцнежни оштетувања на имотот.

  • Неправилното поврзување на спроводникот за заземјување може да доведе до ризик од струен удар. Направете проверка со квалификуван електричарски или сервисен персонал ако не сте сигурни дали машината е правилно заземјена.

  • Овој апарат мора да биде заземјен. Во случај на неправилно функционирање или дефект, заземјувањето ќе го намали ризикот од струен удар со тоа што обезбедува патека на најмал отпор за електричната струја.

  • Овој апарат мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.

  • По монтажата, проверете дали цревото протекува пред да го поместите апаратот во отворот на кујнскиот елемент.

  • Не оштетувајте го и не ставајте тешки предмети врз кабелот за напојување.

  • Овој апарат е наменет само за домашна употреба и не смее да се користи за комерцијални цели.

  • За трајно поврзана машина: овој апарат мора да биде поврзан со заземјувачки метал, систем за трајно поврзување или да се поврзе со проводник за заземјување којшто ќе биде поврзан со терминалите за заземјување или ќе води до уредот.

  • Поврзете ја жицата за заземјување со зелениот заземјувачки конектор во кутијата со терминали.