Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Опции на контролната табла

Опции на контролната табла

За модели со пареа

  1. Напојување

    • Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите или исклучите.

    • По завршувањето на циклусот, струјата автоматски се исклучува заради безбедност и економичност.

    • Доколку се појави превисок напон на струја, прекин во снабдувањето со струја или слаб напон, напојувањето автоматски се исклучува заради безбедност.

    • Кога напојувањето повторно ќе биде нормално, машината автоматски се вклучува и го продолжува циклусот.

  2. Дигитален екран

    • Дигиталниот екран на контролната табла го прикажува проценетото време на циклусот. Кога се избрани циклусот и опциите, екранот го прикажува вкупното проценето време потребно за да заврши. Додека апаратот работи, екранот го прикажува преостанатото проценето време.

    • Во прикажаното време не е вклучено времето потребно за загревање на водата итн.

    • Ако сте избрале Delay Start (Одложен старт), екранот го прикажува одложеното време во часови.

    • Циклусот Auto (Автоматски), може да варира во зависнот од нивото на нечистотија на садовите.

  3. Икона за дополнување средство за плакнење

    • Оваа икона светка кога нивото на средството за плакнење е многу ниско. Автоматски ќе се изгасне кога ќе дополните или кога ќе го подесите нивото на 0.

  4. Икона за чистење на машината

    • Оваа икона засветува на секои 30 циклуси.

    • За да ја активирате или деактивирате, држете го копчето Delicate (Деликатни) притиснато 3 секунди.

  5. Wi-Fi

    • Оваа икона се појавува кога апаратот е приклучен на интернет преку домашна Wi-Fi мрежа.

  6. Икона за дополнување сол

    • Оваа икона светка кога нивото на сол е многу ниско. Автоматски ќе се изгасне кога ќе дополните.

  7. Вклучување/исклучување звуци

    • За да го активирате или деактивирате звукот на копчињата, истовремено притиснете ги копчињата Dual Zone (Двојна зона) и Energy Saver (Штедење енергија) и држете ги 3 секунди. Звукот за известување за грешка не се исклучува.

  8. Cancel (Откажи)

    • Се активира филтерот на одводната пумпа и циклусот се откажува. Откако ќе се исцеди апаратот, сам се исклучува.

    • Притиснете го и држете го копчето START (Старт) во траење од 3 секунди за да ја активирате функцијата за откажување.

  9. START (Старт)

    • За да го користите апаратот, притиснете START (Старт) и затворете ја вратата или затворете ја вратата и притиснете START (Старт) (зависно од типот на екран).

    • Доколку не го притиснете копчето START (Старт) во рок од 4 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи.