Горе > РАБОТЕЊЕ > Полнење на машината > Полнење на долната полица

Полнење на долната полица

Секојдневно полнење

Долната полица се користи за плитки чинии, чинии за супа, тави, тенџериња, тавчиња, капаци, дури и садови за скара.

Чиниите треба да се позиционираат исправено накај средината на полицата, а тенџерињата, тавите и останатите големи садови мора да се завртат наопаку.

За да ви биде полесно редењето на големите садови, можете да го спуштите предниот ред од решетката за садови.

ВНИМАНИЕ
  • Прскалките не смеат да бидат блокирани од садови коишто се превисоки или коишто висат низ корпите. Тестирајте за слободно движење со рачно ротирање на прскалките.

Симнување на дел од решетката за садови

Симнете ја решетката за да има место за поголеми садови, а повлечете ја нагоре за да ставите помали.