Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Карактеристики на апликацијата LG ThinQ

Карактеристики на апликацијата LG ThinQ

Комуницирајте со уредот преку вашиот мобилен телефон, користејќи ги корисните паметни опции.

Набљудување

Оваа функција го проверува моменталниот статус, циклусот, опциите за тековното време и времето на завршување на циклусот на еден ист екран.

Download Cycle (Преземање на циклус)

Можете да преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.

Апаратите коишто биле успешно регистрирани можат да преземат различни посебни циклуси, специфични за апаратот.

Само еден циклус може да биде зачуван во апаратот истовремено.

Откако ќе заврши преземањето на циклусот во апаратот, апаратот ќе го задржи преземениот циклус сė додека не се преземе нов циклус.

Потсетник за чистење на машината

Оваа функција покажува уште колку циклуси има пред почетокот на циклусот Machine Clean (Чистење на машина).

Smart Diagnosis

Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајќи се на образецот на употреба.

Подесувања

Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.

Предупредувачко известување

Кога циклусот е завршен или кога апаратот има проблеми, постои опција да добивате мобилни известувања на паметниот телефон. Известувањата се активираат дури и ако апликацијата LG ThinQ е исклучена.

НАПОМЕНА
  • Доколку го промените рутерот, вашиот интернет-провајдер или лозинката, избришете ја машината регистрирана преку апликацијата LG ThinQ и повторно регистрирајте ја.

  • Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.

  • Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.