Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Инсталирање на апликацијата LG ThinQ и поврзување апарат на LG

Инсталирање на апликацијата LG ThinQ и поврзување апарат на LG

Модели со QR код

Скенирајте го QR кодот прикачен на производот со камера или апликација читач на QR кодови на вашиот паметен телефон.

Модели без QR код

  • Побарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ од Google Play Store или Apple App Store на паметен телефон.

  • Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.

  • Допрете го копчето за додавање (~) на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете апаратот на LG. Следете ги упатствата во апликацијата за да го завршите процесот.

НАПОМЕНА
  • За да потврдите дека сте поврзани со Wi-Fi, проверете дали свети иконата f на контролната табла.

  • Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.

  • LG ThinQ не е одговорна за какви било проблеми околу поврзувањето со мрежата или какви и да било проблеми, дефекти или грешки предизвикани од поврзувањето со мрежата.

  • Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.

  • Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да е потребен подолг временски период за поврзување или може инсталацијата да е неуспешна.

  • Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.

  • Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.

  • Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.

  • Апаратот не може да се поврзе поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Исклучете го апаратот од штекер и почекајте околу една минута пред да се обидете повторно.

  • Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.

  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)

  • Smartphone корисничкиот интерфејс (UI) може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.

  • Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во поставувањето на мрежата. Променете во други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно поврзете го производот.