Автоматското готвење ви овозможува лесно да ја готвите омилената храна со избирање на типот на храна и внесување на тежината на храната.
Притиснете СТОП/Отстрани.
Притиснете Автоматско готвење додека на екранот не се појави саканиот код од менито.
Притиснете СТАРТ/Внеси.
Погледнете подолу за да ги поставите саканиот код и тежина.
Состојки за болоњезе сос
1 лажица маслиново масло
1 кромид, сецкан
1 чешне лук, рендан
400 g мелено говедско месо
100 g доматно пире
2 исецкани домати
1 лажица сушен зеленчук
Сол и бибер по вкус
Состојки за тестенини
150 g тестенини, варени по упатството на пакувањето
1 лажица сирење пармезан
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Во длабок и голем сад додајте ги сите состојки од болоњезе сосот и убаво измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Промешајте најмалку двапати за време на готвењето.
По готвењето, промешајте и додадете болоњезе сос во варените тестенини и украсете со пармезан или по желба пред послужување.
Состојки за карбонара сос
100 g димена сланина, сецкана
1 чешне лук, рендан
0,5 шолја крем
4 жолчки
100 g сирење пармезан
Сол и бибер по вкус
Состојки за тестенини
150 g тестенини, варени по упатството на пакувањето
1 лажица сирење пармезан
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Гответе ја сланината во малку подмачкана тава со лук додека не порумени и исцедете го вишокот маснотии.
Во длабок и голем сад додајте ја зготвената сланина, павлака, жолчки, пармезан, сол и бибер и убаво измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
По готвењето, промешајте и додајте карбонара сос во варените тестенини и украсете со пармезан или по желба пред послужување.
Состојки
4 средна големина домати
Сол и бибер по вкус
400 g мелено говедско месо
0,5 шолја лебни трошки
2 чешниња лук, рендани
1 лажица сенф дижон
1 лажица сушен зеленчук
1 лажица сирење пармезан
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Исечете ги врвовите на доматите за да формирате капи и извадете ги семките, внимавајќи да не го прободете месото или кожата. Потоа на секој домат наросете сол и бибер.
Во сад додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
Наполнете ги доматите со мешавина од говедско месо и заменете ја капата.
Полнетите домати ставете ги на чинија и покријте ги со пластична фолија.
Состојки
Печено пециво, печено во тава за печење од 21 cm
50 g џем од јаболка
1 јаболко, исечено
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: огноотпорен стаклен сад од 21 cm на полицата
Ставете го печеното пециво во стаклен плиток сад.
Намачкајте го џемот и поставете го исеченото јаболко на пецивото.
Поставете ја храната на полицата.
Состојки
6 лазањи, варени по упатството на пакувањето
1 kg месо и доматен сос
40 g рендано сирење
Состојки за месо и доматен сос
1 целер, сецкан
1 кромид, сецкан
1 чешне лук, столчено
800 g добро созреани домати, исецкани
1 гранче мајчина душица
1 ловоров лист
300 g мелено говедско месо
Сол и бибер по вкус
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: тава за печење од 20 cm x 20 cm
Поставете две лазањи една до друга на дното на тавата за печење покривајќи го дното. Ставете третина од месото и доматниот сос најгоре.
Продолжете со 2 лазањи и уште третина месо и доматен сос, а потоа завршете со последните 2 парчиња лазари и преостанатото место и доматен сос.
Попрскајте со рендан кашкавал одозгора.
Упатства за месо и доматен сос
Гответе го целерот, кромидот и лукот во малку масло додека не омекнат.
Додајте го доматот, мајчината душица, ловоровиот лист, сол и бибер. Мешајте и оставете да се крчка 30 минути.
Гответе го меленото месо во друго тавче со малку масло 5 минути додека мешате постојано. Турете ја доматната мешавина врз месото и гответе 5 минути.
Состојки
1 компир, сецкан
0,5 кромид, сецкан
2 лажици свеж зеленчук, сецкан
1 целер, сецкан
800 g школки, исчистени
0,5 шолја бело вино
Сол и бибер по вкус
600 g крем супа
Состојки за крем супа
0,5 шолја путер
6 лажици брашно
2 шолји млеко
1 коцка пилешки бујон
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Во длабок и голем сад додајте ги компирот, кромидот, свежиот зеленчук, целерот, школките, белото вино, солта и биберот и убаво измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Отстранете ги лушпите и додајте крем супа и добро измешајте.
Упатства за крем супа
Растопете го путерот во тава за пржење, додајте брашно и направете паста.
Додајте млеко и коцка пилешки бујон и гответе на слаба топлина додека не згусне.
Состојки
600 g пире од зеленчук
1,5 шолји пилешки булјон
2 лажици брашно
2 лажици путер
1 шолја крем
Морско оревче, сол и бибер по вкус
Состојки за пире од зеленчук
400 g сецкан спанаќ
2 кромида, сецкани
4 лажици вода
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Модрите патлиџани и доматите исечкајте ги на парчиња од 1,5 cm и зачинете ги со сол и бибер.
Ставете ги модрите патлиџани и доматите на чинија и ставете сирење врз секој домат.
Упатства за пире од зеленчук
Поставете го зеленчукот во сад безбеден за микробранова. Додајте вода и покријте со пластична фолија.
Ставете храна во рерната. Гответе 9-11 минути со микрборанова на 700 вати.
По готвењето, изблендирајте го зготвениот зеленчук со блендер или процесор за храна додека пирето не биде глатко и со еднообразна текстура.
Состојки
200 g рижото ориз
1,5 шолја вода или супа
0,5 шолја млеко
200 g сецкано говедско месо
2 јајца
1 кромид, сецкан
50 g грашок
100 g рендано сирење
Сол и бибер по вкус
Упатство
Почетна температура: собна
Прибор: сад за микробранова печка
Додајте ги сите состојки во длабок и голем сад и добро измешајте.
Покријте со пластична обвивка со дупчиња.
Промешајте најмалку двапати за време на готвењето.