Овој циклус го препознава нивото на нечистотија на садовите и чистотата на водата и го оптимизира миењето за да постигне најдобар резултат. Времето на миење варира во зависност од нивото на нечистотија на садовите.
Овој циклус е наменет за многу валкани и закоравени садови. Стандардно е наместен на најсилниот интензитет на прскање и со тоа ги мие многу нечистите садови.
Употребете го овој циклус за деликатни садови, како фин порцелан и садови со високо постолје.
Овој циклус ги освежува и затоплува садовите кои одамна не биле користени.
Не употребувајте детергент со овој циклус.
Обезбедува најефикасна потрошувачка на енергија и вода за добри резултати на миење и сушење на нормално валкани садови и троши многу мала количина на електрична енергија.
Овој циклус мие умерено валкани садови со употреба на малку повеќе енергија и вода.
Extra Dry (Екстра суво) е подесено како стандардно. Ако не сакате да ги сушите садовите по миењето, исклучете ја опцијата Extra Dry (Екстра суво). Времето на циклусот ќе се намали со избегнувањето на сушење.
Употребете специјален циклус што може да се преземе преку Wi-Fi или NFC (во зависност од моделот).
На апаратот се појавува само кодот на циклусот што се презема моментално. Кодовите, имињата и информациите за достапните циклуси ќе ги најдете во апликацијата на вашиот паметен телефон.
Стандарден циклус: P1. Тенџериња и тавчиња
Овој циклус е за чистење на внатрешноста од апаратот. Употребете го кога нема садови во машината. Ја елиминира насобраната нечистотија, миризбата, белите точки, бигорот и другите нечистотии. За подобри резултати, додајте лимонска киселина или друго средство за чистење.
Притиснете го и држете го копчето Intensive (Интензивно) 3 секунди за да ја активирате функцијата.
Овој циклус е наменет за кратко плакнење на садови кои нема веднаш да ги миете. Ги плакне садовите кои се многу нечисти за да се искиснат. Плакнењето на садовите помага во спречувањето на појавата на миризби во апаратот.
Притиснете го и држете го копчето Eco 3 секунди за да ја активирате функцијата.
Во овој случај, не употребувајте детергент.
Циклусот нема сушење.
Овој циклус брзо ќе измие малку валкани садови.
Притиснете го и држете го копчето Turbo (Турбо) 3 секунди за да ја активирате функцијата.
Циклусот нема сушење. За подобро сушење изберете Extra Dry (Екстра суво) или некој друг циклус. Extra Dry (Екстра суво) ќе биде додадено во целокупното време на циклусот.
Детергент во вид на таблети не се препорачува кога се употребува циклусот Express (Експресно). Доколку се употребат таблети, може да останат остатоци врз садовите поради релативно ниската температура на плакнење.