Комуницирајте со уредот преку вашиот мобилен телефон, користејќи ги корисните паметни опции.
Оваа функција го проверува моменталниот статус, циклусот, опциите за тековното време и времето на завршување на циклусот на еден ист екран.
Можете да преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.
Апаратите коишто биле успешно регистрирани можат да преземат различни посебни циклуси, специфични за апаратот.
Само еден циклус може да биде зачуван во апаратот истовремено.
Откако ќе заврши преземањето на циклусот во апаратот, апаратот ќе го задржи преземениот циклус сė додека не се преземе нов циклус.
Оваа функција покажува уште колку циклуси има пред почетокот на циклусот Machine Clean (Чистење на машина).
Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајќи се на образецот на употреба.
Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.
Кога циклусот е завршен или кога апаратот има проблеми, постои опција да добивате мобилни известувања на паметниот телефон. Известувањата се активираат дури и ако апликацијата LG ThinQ е исклучена.
Во следниве случаи, мора да ги ажурирате информациите за мрежата за секој апарат во апликацијата LG ThinQ под Картички на уред ~ Поставки ~ Смени мрежа.
безжичниот рутер е променет
лозинката на безжичниот рутер е променета
Променет е операторот на интернет-услуги
Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.
Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.