Скенирајте го QR кодот прикачен на производот со камера или апликација читач на QR кодови на вашиот паметен телефон.

Побарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ од Google Play Store или Apple App Store на паметен телефон.
Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.
Допрете го копчето за додавање (~) на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете апаратот на LG. Следете ги упатствата во апликацијата за да го завршите процесот.
За да потврдите дека сте поврзани со Wi-Fi, проверете дали свети иконата f на контролната табла.
Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.
LG ThinQ не е одговорна за какви било проблеми околу поврзувањето со мрежата или какви и да било проблеми, дефекти или грешки предизвикани од поврзувањето со мрежата.
Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.
Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да е потребен подолг временски период за поврзување или може инсталацијата да е неуспешна.
Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.
Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.
Апаратот не може да се поврзе поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Исклучете го апаратот од штекер и почекајте околу една минута пред да се обидете повторно.
Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.
Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
Smartphone корисничкиот интерфејс (UI) може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во поставувањето на мрежата. Променете во други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно поврзете го производот.