Горе > ОДРЖУВАЊЕ > Чистење и нега > Чистење на прскалките

Чистење на прскалките

Доколку прскалките се затнати со наслаги од храна, садовите нема да се мијат добро затоа што водата не може да се распрска.

Чистење на долната прскалка

  • Проверете дали дупчињата за прскање се затнати со остатоци од храна.

  • Доколку има, отстранете ги со игла или друга остра алатка.

ВНИМАНИЕ
  • За да избегнете кршење на краевите на променливиот агол на прскалката, не повлекувајте ги и не ротирајте ги рачно.

Чистење на горната прскалка

  • Повлечете ја напред горната полица. Проверете дали дупчињата за прскање се затнати со остатоци од храна.

  • Кога чистењето е неопходно, отстранете ја горната прскалка со вртење на шрафчето долу на прскалката за 1/8 спротивно од стрелките на часовникот и повлечете надолу.

  • Отстранете ги остатоците од храна со миење и протресување на прскалката.

  • Доколку има, отстранете ги со игла или друга остра алатка.

  • По отстранувањето на остатоците, исчистете ги дупчињата на прскалката под млаз вода.

  • По чистењето на горната прскалка, притиснете ја назад на место. Завртете го шрафчето за 1/8 во правец на стрелките на часовникот за да се заклучи.

  • По местењето, проверете дали прскалките слободно ротираат.