Оваа функција е достапна само за некои модели.
Контролна табла 1: на вратата на фрижидерот | Контролна табла 2: во фрижидерот |
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Express Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Express Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.
Vacation
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.
Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.
Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.
Wi-Fi*1
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART FUNCTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
Lock*1
Ги заклучува копчињата на контролната табла.
За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека функцијата не се активира.
За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека функцијата не се деактивира.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за секоја преграда за 1 °C или едно ниво.
Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.