Горе > БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА > ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ > МОНТАЖА

МОНТАЖА

  • Осигурете се дека апаратот е соодветно монтиран, заземјен и приспособен од страна на квалификувани сервисери во согласност со упатствата за монтажа.

  • Никогаш не обидувајте се да го користите апаратот ако е оштетен, ако не функционира правилно, ако е делумно расклопен или ако му недостасуваат делови или пак се скршени, како и ако му е оштетен кабелот или приклучокот.

  • Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.

  • Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.

  • Стегнете го одводното црево за да не дојде до откачување на цревото.

  • Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со овластен центар за сервис.

  • Не користете повеќекратни штекери, продолжен кабел или адаптер со овој апарат.

  • Предмети како гумена пена (латекс пена), капи за туширање, водоотпорен текстил, предмети обложени со гума и алишта или перници наполнети со гумена пена не смеат да се сушат во апаратот.

  • Оваа машина не смее да се монтира зад врата што се заклучува, врата на лизгање или врата со шарка наспроти неа кои го спречуваат целосното отворање на вратата.

  • Овој апарат мора да биде заземјен. Во случај на неправилно функционирање или дефект, заземјувањето ќе го намали ризикот од струен удар со тоа што обезбедува патека на најмал отпор за струјата.

  • Овој апарат мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.

  • Неправилното поврзување на спроводникот за заземјување може да доведе до ризик од струен удар. Направете проверка со квалификуван електричарски или сервисен персонал ако не сте сигурни дали машината е правилно заземјена.

  • Не модифицирајте го приклучокот за струја испорачан заедно со машината. Ако не влегува во штекерот, повикајте квалификуван електричар да монтира соодветен штекер.