Горе > ОДРЖУВАЊЕ > Чистење по секое сушење > Чистење на филтерот за вкланенца

Чистење на филтерот за вкланенца

ВНИМАНИЕ
  • Чистете го филтерот за влакненца правилно според следните инструкции. Ако не го сторите тоа, може да не се исчистат добро влакненцата што се насобрани на разменувачот на топлина.

НАПОМЕНА
  • Испразнете ги алиштата од апаратот пред да го извадите филтерот за влакненца.

  • По чистењето вратете го филтерот за влакненца на место. Ако филтерот не е вратен на место, апаратот нема да работи.

  1. Внатрешен филтер

    • Секогаш чистете го внатрешниот филтер пред и по употреба.

  2. Надворешен филтер

    • Чистете го надворешниот филтер на секое 10-то сушење или кога ќе се насоберат влакненца на него.

Исчистете го внатрешниот филтер

  • Извадете го внатрешниот филтер од надворешниот филтер и отворете го внатрешниот филтер.

    • Отворете го така што ќе го одвртите во насока на стрелката.

  • Исчистете го прво грстот влакненца, па потоа остатокот од влакненца со правосмукалка или под чешма.

    • Целосно исушете ако е влажен. Ако остане влажен ќе настане непријатна миризба во апаратот.

  • По сушење на филтерот, затворете го со притискање во средината.

    • Осигурајте се дали левата и десната страна од внатрешниот филтер се правилно затворени.

  • Ставете го внатрешниот филтер во надворешниот филтер.

Исчистете го надворешниот филтер

  • Отстранете ја прашината или влакненцата од влезот на филтерот.

    ВНИМАНИЕ
    • Кога влакненцата ќе се спуштат во влезот на филтерот, може да го намалат квалитетот на сушењето и да го зголемат времето потребно за сушење.

  • Извадете го надворешниот филтер.

  • Извадете го внатрешниот филтер.

  • Отворете го надворешниот филтер со завртување во насока на стрелката зафаќајќи го горниот раб на филтерот.

  • Исчистете го остатокот од влакненца со правосмукалка или измијте го под чешма.

    • Целосно исушете ако е влажен. Ако остане влажен ќе настане непријатна миризба во апаратот.

  • Затворете го надворешниот филтер со притискање на страната a.

    НАПОМЕНА
    • Осигурајте се дали страната од филтерот е правилно затворена. Ако не е добро затворена, насобраните влакненца ќе навлезат во апаратот и може да го намалат квалитетот на сушењето и да го зголемат времето потребно за сушење.

  • Затворете ги и повторно ставете ги двата филтри за влакненца.

    ВНИМАНИЕ
    • Не ставајте или отстранувајте алишта кога филтерот за влакненца не е на своето место. Можно е да дојдат во допир со влезот на филтерот и да се расипе апаратот.