Кондензираната вода се собира во резервоарот.
Празнете го резервоарот по секое користење. Доколку не го испразните, тоа ќе влијае врз сушењето.
Доколку резервоарот за вода е полн, ќе светне иконата E и ќе се чуе звук на ѕвонење додека апаратот уште работи. Во таков случај, испразнете го резервоарот во рок од еден час.
Кога кондензираната вода ќе се исцеди директно преку опционалното црево за одвод, нема потреба да го празните резервоарот за вода.
Извадете го резервоарот.

Испразнете го резервоарот во лавабото.

Не пијте ја и не користете ја повторно кондензираната вода. Може да предизвика проблеми со здравјето кај луѓето и животните.
Вратете го назад во апаратот.
Притиснете го резервоарот за вода во апаратот додека да дојде на своето место.
Притиснете на копчето Старт/Пауза.