Истражување на далечинскиот управувач
Може да го користите далечинското да ги контролирате сите функции на производот, од вклучување/исклучување до овозможување кинематски звук.

Замена на батерија

Користи AA 1.5V батерии. Заменете ги двете батерии со ставање во далечинскиот управувач во согласност со наведените упатства.
- A Отворете го капакот за батерии на задниот дел од далечинскиот управувач.
- B Ставете ги батериите со краевите + и – да одговараат на ознаките.
- C Затворете го капакот за батерии.
Ризик од пожар или експлозија ако батеријата се замени со неправилен тип.
|
a
|
Вкл./Искл. 
Го вклучува/исклучува производот.
|
|
b
|
Јачина на звук 
Ја прилагодува јачината на звук.
|
|
c
|
Bluetooth спари 
Ви овозможува да го спарите вашиот Bluetooth уред како паметен телефон со овој производ за три минути. ([ Видете “Поврзување преку Bluetooth” на страница 39.)
|
|
d
|
Звучни ефекти 
Притиснете го копчето да го изберете посакуваното поле на звук.
- • AI SOUND PRO: Вештачката интелигенција ги избира оптималните поставки за звук за да одговараат на вашата содржина.
- • STANDARD: Можете да уживате во подобрениот звук.
- • CINEMA: Репродуцира содржина со 3Д звук сличен на кино сала.
- • CLEAR VOICE PRO: Ја подобрува јасноста на гласовите.
- • SPORTS: Реален звук како на стадион.
- • MUSIC: Можете да уживате во подобар звук оптимизиран за музика.
- • GAME: Оптимизиран звук за игра.
- • BASS BLAST (BASS BLAST+): Звуците на бас се засилени.
|
|
e
|
Прилагодување на звукот 
Ова го прилагодува нивото на звук на поврзаниот звучник. Притиснете го копчето Прилагодување на звукот и потоа копчето Лево/Десно да го изберете посакуваниот звучник пред да го притиснете копчето Нагоре/Надолу за да ја зголемите/намалите јачината на звук. Прилагодливите звучници и опсегот на прилагодување се како што следува:
- • WF (Сабвуфер): -15 - 6
- • C (Централен звучник): -6 - 6
- • OVC (Горен звучник): -6 - 6
- • R (Заден звучник): -6 - 6
- • TRE (Високи тонови): -6 - 6
- • MID (Cредно ниво) : -6 - 6
- • BAS (Бас): -6 - 6
- • Приспособувањето на нивото на сабвуферот и задните звучници се применува само кога се поврзани сабвуферот и задните звучници.
|
|
f
|
Беззвучност 
Ова го исклучува звукот на производот.
|
|
g
|
Функција 
Неколкупати едноподруго притиснете го копчето да го изберете посакуваниот режим на внес или функција.
|
|
h
|
Информации 
Видете информации за поврзаниот влезен извор, Wi-Fi мрежа или Bluetooth.
- • Wi-Fi: Име на поврзана апликација
- • BT: Име на поврзаниот Bluetooth уред
- • OPT/ARC/E-ARC/HDMI: Тековен извор на звук
- • USB: Тековно име на датотека за звук
|
|
i
|
Нагоре/Надолу/Лево/Десно 
Ова копче се користи кога ги прилагодувате поставките на соодветните функции.

Нагоре/Надолу: Ова лизга помеѓу папките на УСБ-меморискиот уред. Може да го притиснете копчето да ја изберете посакуваната папка.
Лево/Десно: За да ја репродуцирате претходната песна, притиснете го копчето Лево. За да ја репродуцирате следната песна, притиснете го копчето Десно.
|
|
j
|
Репродуцирај/Паузирај 
За да репродуцирате или паузирате песна, притиснете го ова копче.
- • Кога слушате музика на УСБ-мемориски уред, може да изберете режим на репродукција со притискање на копчето 3 секунди или подолго, а потоа притиснете Нагоре/Надолу да ја изберете посакуваната опција Повтори.
- • OFF: Ги репродуцира датотеките по ред, потоа ја завршува репродукцијата
- • ONE: Повторливо ја репродуцира тековната датотека
- • FOLDER: Ги репродуцира само датотеките во папката во серија
- • ALL: Ги репродуцира сите датотеки во серија
- • SHUFFLE: Репродуцира датотеки по случаен избор се додека не се репродуцираат сите датотеки, а потоа ја завршува репродукцијата
|
|
k
|
Поставки 
Ви овозможува да ги прилагодите поставките за овој производ. AUTO POWER, SURROUND, NIGHT TIME, DISPLAY. Притиснете го копчето Поставки и изберете ја поставката со користење на Лево/Десно копчето пред да го притиснете копчето Нагоре/Надолу за да ја вклучите/исклучите поставката.
- • AUTO POWER: Кога телевизорот или некој надворешен уред е вклучен или икллучен, производот исто така автоматски ќе се вклучи или исклучи. Достапно е само кога производот е поврзан на телевизорот со оптички кабел или Bluetooth. ([ Видете “Користење Auto Power” на страница 27.)
- • SURROUND: Функцијата опкружувачки звук ви овозможува да слушате сеопфатен 3D звук произведен од повеќе аудио канали од звучниците, без оглед на каналите во оригинално снимената содржина. ([ Видете “Вклучување/Исклучување опкружувачки звук” на страница 11.)
- • NIGHT TIME: Ова ја намалува вообичаената јачина на звук, но ја зголемува јачината на нежни и деликатни звуци. Ова е корисно кога уживате во музика или филм доцна во ноќта. ([ Видете “Користење Ноќен режим” на страница 28.)
- • DISPLAY: Екранот за статус може да се контролира автоматски, да биде вклучен и исклучен. ([ Видете “Користење на екранот” на страница 29.)
|
Разни поставки за практичност