Горе > РАБОТЕЊЕ > Карактеристики на производот > Внатрешност (две ѕвезди a)

Внатрешност (две ѕвезди a)

*1

Оваа функција е достапна само за некои модели.

  1. LED светилка*1

    LED светилките во внатрешноста на производот се палат кога ќе ја отворите вратата на фрижидерот.

  2. Полица на замрзнувач

    За чување замрзната храна, како на пример, месо, риба и сладолед.

  3. Автомат за мраз*1

    За чување мраз произведен рачно од автоматот за мраз.

    • Можете да го поместите автоматот за мраз долж полицата од една до друга страна и која било посакувана позиција.

  4. Контрола на температурата за замрзнување

    Со оваа контрола се регулира протокот на воздух во делот за замрзнување со тоа што ќе се постави на соодветен баланс.

  5. Тацна на извлекување/фиока за комора

    Овде се става храната на поладна температура отколку во обичниот дел на фрижидерот.

  6. Контролна Табла*1

    За поставување температура во фрижидерот.

  7. Ладење на вратата*1

    Овде излегува ладниот воздух со цел корпата на вратата на фрижидерот да биде ладна.

  8. Полица на фрижидер

    За складирање храна на која и е местото во фрижидер, како и свежа храна.

    • Храната што содржи повеќе влага складирајте ја на предниот дел од полицата.

    • Висината на полицата може да се регулира преку вметнување на полицата во друг процеп со различна висина.

  9. Филтер за воздух*1

    Се намалуваат миризбите во пределот на фрижидерот.

  10. Фиока на фрижидерот

    За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго.

  11. Корпа на вратата на фрижидерот

    За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.

  12. Преграда Door in Door*1

    За складирање на секојдневна храна како закуски и пијалоци.

  13. Резервоар на диспензерот за вода*1

    За чување вода за снабдување на диспензерот. Бара рачно полнење.

  14. Автомат за мраз*1

    Ова е просторот каде што автоматски се прави и се чува мразот.

  15. Корпа на вратата на замрзнувачот

    За складирање мали пакувања замрзната храна. Не ставајте тука сладолед или храна која ќе биде складирана подолго време.

    НАПОМЕНА
    • Бројот на корпи на вратата на замрзнувачот со секции со две ѕвезди, може да варира во зависност од купениот модел.

    • Горните и долните корпи во вратата не претставуваат преграда рангирана со 2 ѕвездички согласно новата регулатива за енергетско означување (EU) 2019/2016.

  16. Подвижен држач за јајца*1

    Тука се чуваат јајца.

    • Можете да го поместите и да го поставите во посакуваната положба. Меѓутоа, не користете го како модла за мраз или поставете го најгоре на фрижидерот или во полицата за зеленчук.