Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

*1

Оваа контролна табла е достапна само за некои модели.

Контролна табла 1: на вратата на замрзнувачот.*1
  1. Fridge

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 0 °C и 6 °C.

    • Првичната температура на фрижидерот е 3 °C.

    НАПОМЕНА
    • Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.

  2. Express Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

  3. Wi-Fi

    Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.

  4. Lock

    Ги заклучува копчињата на контролната табла.

    • Заклучете ги копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се појави иконата k и не се активира функцијата.

    • За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се појави иконата l и не се деактивира функцијата.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура.

  • Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.

  • Ако ја допрете контролната табла со прст или кожа додека ја чистите, така може несакајќи да ја активирате функцијата.

Контролна табла 2: во фрижидерот*1
  1. Fridge

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу ладно и најладно.

    • Првичната температура на фрижидерот е нормална.

  2. Express Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за едно ниво.