Горе > РАБОТЕЊЕ > Пред употреба > Аларм за висока температура

Аларм за висока температура

Алармот за висока температура е функција која ве предупредува кога температурата на замрзнувачот или фрижидерот е зголемена доволно за да претставува проблем. LED-приказот за температурата на замрзнувачот или фрижидерот трепка и алармот се вклучува.

  • Овој аларм се вклучува во следните случаи:

    • Кога апаратот е вклучен за првпат (според тоа, температурата на замрзнувачот или фрижидерот е висока).

    • Кога вратата на замрзнувачот или фрижидерот е отворена долго време или често се отвора.

    • Кога долго време нема струја.

    • Во случај на ставање на поголемо количество топла храна во замрзнувачот или фрижидерот.

  • Исклучување на алармот

    • Притискајте го копчето Freezer или Fridge додека алармот не престане да ѕвони.