Индикатор за аларм
Индикаторот засветува и се прикажува порака за грешка кога апаратот ќе открие проблеми за време на работата. Погледнете ги Пораките за грешка во делот „Пред да го повикате сервисот“ за повеќе информации.
Индикатор Express Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
За да ја активирате функцијава, притискајте го копчето Freezer постојано додека да засвети индикаторот за експресно замрзнување.
Оваа функција работи 24 часа, а потоа се исклучува автоматски.
Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -16 °C и -24 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Температурата на замрзнувачот е поставена на следнава секвенца:
-16 °C, -18 °C, -20 °C, -22 °C, -24 °C, експресно замрзнување
Mode
Притиснете го копчево и изберете режим Holiday или Vacation.
Индикатор Holiday
Индикаторот засветува кога се активира режимот Holiday.
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 8 °C, а на замрзнувачот -18 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
За да ја активирате функцијава, притискајте го копчето Mode додека да засвети индикаторот Holiday. За да ја деактивирате функцијава, притиснете го копчето Mode.
Кога е вклучена функцијава, индикаторот за одмор останува вклучен и се прикажува -- на екранот за температура на фрижидерот.
Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.
Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да го вратите фрижидерот на претходните поставки за температура.
Индикатор Vacation
Индикаторот засветува кога се активира режимот Vacation.
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 6 °C, а на замрзнувачот -16 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
За да ја активирате функцијава, притискајте го копчето Mode додека да засвети индикаторот Vacation. За да ја деактивирате функцијава, притиснете го копчето Mode.
Кога е вклучена функцијава, индикаторот за одмор останува вклучен и се прикажува E на екранот за температура на замрзнувачот и фрижидерот.
Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.
Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да го вратите фрижидерот на претходните поставки за температура.
Индикатор Express Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
За да ја активирате функцијава, притискајте го копчето Fridge постојано додека да засвети индикаторот за експресно ладење.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 2 °C и 8 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 5 °C.
Температурата на фрижидерот е поставена на следнава секвенца:
08 °C, 06 °C, 05 °C, 04 °C, 02 °C, експресно ладење
Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за едно ниво.
Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.
Овој режим се користи за ладење пијалаци во приспособливо време. Вентилаторот на фрижидерот работи почесто за да го циркулира ладниот воздух во преградата за фрижидерот во поставеното време.
Притиснете го и држете го копчето Freezer 3 секунди.
^ се прикажува на екранот за температура на замрзнувачот и Os се прикажува на екранот за температура на фрижидерот.
Притиснете го копчето Fridge за да го изберете посакуваното време.
Времето е поставено на следнава секвенца:
05 ~ 10 ~ 15 ~ 20 ~ 25 ~ 30 минути
Преостанатото време се прикажува на екранот за температура на фрижидерот.
Се огласува аларм кога ќе истече поставеното време. Притиснете го копчето Freezer за да го запрете алармот.
За да ја деактивирате функцијава, притиснете и држете го копчето Freezer во траење од 3 секунди.
Оваа функција е достапна само за некои модели.
Функцијава е корисна кога сте на одмор. Режимот за подготвеност ги исклучува ладењето и внатрешните светла во преградите за фрижидерот и замрзнувачот за да заштеди енергија.
Поставете ја температурата на фрижидерот на 8 °C.
Притиснете и задржете ги копчињата Mode и Fridge истовремено 5 секунди.
st и by се прикажуваат на екранот за температура на замрзнувачот и фрижидерот.
Контролниот панел ќе се исклучи додека не се притисне копче.
Не чувајте храна во фрижидерот за време на режимот за подготвеност или брзо ќе се расипе.
Кога е деактивиран, може да се прикаже порака за грешка за висока температура на контролниот панел. Штом ќе се достигнат поставените температури, пораката за грешка ќе исчезне.