Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Пред користење на апликацијата LG ThinQ

Пред користење на апликацијата LG ThinQ

  • Проверете го растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).

    • Ако растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер е преголемо, сигналот слабее. Може да биде потребен подолг временски период за регистрација или може инсталацијата да е неуспешна.

  • Исклучете ги Мобилните податоци или Ќелиските податоци на вашиот паметен телефон.

  • Поврзете го вашиот паметен телефон со безжичниот рутер.

НАПОМЕНА
  • За да го потврдите поврзувањет со Wi-Fi, проверете дали свети иконата f на контролниот панел.

  • Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.

  • LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата.

  • Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.

  • Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.

  • Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.

  • Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.

  • Апаратот не може да се регистрира, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете.

  • Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.

  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)

  • Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.

  • Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во подесувањето на мрежата. Ве молиме променете го на други безбедносни протоколи (Се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот.