Вашата машина е опремена со автоматски систем за следење грешки за детекција и дијагноза на проблеми во рана фаза. Ако машината не функционира правилно или не работи воопшто, проверете ги следните работи пред да повикате сервис на LG Electronics:
Пораки за грешка
1EПРОБЛЕМ СО ДОВОДОТ НА ВОДАСнабдувањето со вода не е соодветно за таа локација. Водата не влегува во машината или влегува бавно.Направете проверка со друга славина во куќата.Славината за снабдување со вода не е целосно отворена. Водата не влегува во машината или влегува бавно.Отворете ја славината целосно.Доводното црево е превиткано.Исправете го цревото или ставете ново.Затнат е филтерот на доводното црево.Проверете го и исчистете го филтерот за доводниот вентил откако ќе ја исклучите славината и ќе ги отстраните спојките за цревото од машината за перење.UEПРОБЛЕМ ПОРАДИ НЕИЗБАЛАНСИРАНА МАШИНАМашината располага со систем кој ја открива и ја корегира неизбалансираноста на машината.Ако алиштата се премногу влажни кон крајот на циклусот, прередете ги за да овозможите соодветно цедење со центрифуга. Затворете ја вратичката и стиснете на копчето Старт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.Премалку алишта. Можно е системот да престане да врти или да ја прекине центрифугата доколку во машината има тешки парчиња (на пр. ќилимче, бањарка итн).Додајте 1 или 2 слични или помали парчиња алишта за да биде избалансирано полнењето. Затворете ја вратичката и притиснете го копчето Старт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.OEПРОБЛЕМ СО ОДВОДОТ НА ВОДАОдводното црево е извиткано или затнато. Водата не се цеди од машината или се цеди бавно.Исчистете го и исправете го одводното црево.Одводниот филтер е затнат.Проверете и исчистете го одводниот филтер.dE dE1 dEz dE4ПРОБЛЕМ СО ВРАТАТАСензорот на вратата не работи.Јавете се во сервисниот центар на LG. Телефонскиот број на локалниот сервисен центар на LG е наведен на гаранцијата.tEГРЕШКА СО КОНТРОЛИТЕПостои проблем со контролите.Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.LEПРОБЛЕМ СО МОТОРОТОптоварување на моторот.Исклучете ја машината и оставете да се излади моторот 30 минути, а потоа рестартирајте ја програмата.FEПРОБЛЕМ ПОРАДИ ПРЕПОЛНУВАЊЕСе преполнува со вода поради можен дефектен вентил за вода.Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер. Повикајте сервисер.PEПРОБЛЕМ СО СЕНЗОРОТ ЗА ПРИТИСОКСензорот за нивото на водата не работи.Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер. Повикајте сервисер.vsПРОБЛЕМ СО СЕНЗОРОТ ЗА ВИБРАЦИИСензорот за вибрации не работи.Повикајте сервис.FFЗАМРЗНАТ ДЕЛДа не се замрзнати цревото за довод/одвод или одводната пумпа?Ставете топла вода во барабанот за да се одмрзне одводното црево и одводната пумпа. Прекријте го доводното црево со влажна и топла крпа.AEПРОТЕКУВАЊЕ ВОДАПретекува вода.Повикајте сервис.PFПРОБЛЕМ СО НАПОЈУВАЊЕТО СО СТРУЈАПроблем со напојувањето со струја или со електриката за време на работата.Притиснете го копчето Старт/Пауза за да го рестартирате циклусот.
Пораки за грешка на ezDispense
E d1ezDispense ERROR 1Не се намалува количината течен детергент во преградата за детергент.Детергентот во преградата за детергент стоел многу долго време откако бил ставен и детергентот се стврднал.Темелно исчистете ја преградата на детергентот, наполнете ја со течен детергент, вратете ја во фиоката и пуштете го циклусот на перење. Ако постојано се прикажува E d1, повикајте го сервисот.E dzezDispense ERROR 2Не се намалува количината течен детергент во преградата за детергент.Повикајте сервис.E d3ezDispense ERROR 3Не се намалува количината на омекнувач на ткаенина во преградата за течен омекнувач на ткаенина или течен детергент.Откако сте ставиле омекнувач на ткаенина во преградата за течен омекнувач на ткаенина или течен детергент, тој стоел долго време и омекнувачот се стврднал.Темелно исчистете ја преградата за течен омекнувач за ткаенина или течен детергент, наполнете ја со течен омекнувач на ткаенина, вратете ја во фиоката и пуштете го циклусот на перење. Ако постојано се прикажува E d3, повикајте го сервисот.E d4ezDispense ERROR 4Не се намалила количината течен омекнувач на ткаенина во преградата за течен омекнувач на ткаенина или течен детергент.Повикајте сервис.E dsezDispense ERROR 5Не се намалила количината течен детергент или омекнувач на ткаенина во преградата за течен омекнувач на ткаенина или течен детергент.Повикајте сервис.O PNezDispense OPEN ERRORМашината за перење работи без целосно затворена фиока.Фиоката била отворена откако машината за перење била пуштена.Целосно затворете ја фиоката. Ако постојано се прикажува O PN, повикајте го сервисот.
Звуци
Тропкање и ѕвечкањеМожно е во барабанот да има страни предмети, како клучеви, метални монети или безопасни игли.Запрете ја машината, проверете дали има страни предмети во барабанот. Ако продолжат звуците откако сте ја рестартирале машината, повикајте сервис.Тап звукТешките алишта може да произведат тап звук. Тоа обично е нормално.Ако звукот продолжи, можеби апаратот нема рамнотежа. Исклучете го и прераспоредете ги алиштата.Можно е алиштата да не се правилно распоредени во барабанот.Паузирајте ја програмата и прераспоредете ги алиштата откако вратата ќе се отклучи.Бучава на вибрацијаНе сте го отстраниле пакувањето.Отстранете го пакувањето на машината.Можно е алиштата да не се распоредени рамномерно во барабанот.Паузирајте ја програмата и прераспоредете ги алиштата откако вратата ќе се отклучи.Една или повеќе ногарки не лежат цврсто и рамномерно на подот.Погледнете ги упатствата за Нивелирање на апаратот за да го приспособите апаратот.Подот не е доволно цврст.Проверете дали подот е цврст. Погледнете го делот Барања за место на монтажа за да изберете соодветна локација.
Работење
Протекува вода.Одводните цевки во домот се затнати.Одзатнете ги одводните цевки. Стапете во контакт со водоводџија, ако е потребно.Протекувањето се случува при неправилна монтажа на одводното црево или поради затнато одводно црево.Исчистете го и исправете го одводното црево. Редовно проверувајте го и чистете го одводниот филтер.Капачето на одводниот филтер на пумпата не е поставено правилно.Повторно наместете го одводниот филтер за пумпата.Машината не работи.Контролната табла е исклучена поради неактивност.Ова е нормално. Притиснете на копчето Напојување за да ја вклучите машината.Машината е исклучена.Проверете дали кабелот е сигурно приклучен во штекерот.Водата е исклучена.Целосно одвртете ја славината за вода.Контролите не се соодветно поставени.Погрижете се да е правилно поставена програмата. Затворете ја вратичката и притиснете на копчето Старт/Пауза.Вратата е отворена.Затворете ја вратичката и проверете дали нешто ја попречува за целосно да се затвори.Прекинувачот на колото/осигурувачот е прекинат/прегорен.Проверете ги колата/осигурувачите. Заменете осигурувач или ресетирајте го колото. Апаратот треба да е приклучен на посебно струјно коло. Апаратот ќе ја продолжи програмата таму каде што застанала штом повторно се врати струјата.Потребно е ресетирање на контролите.Притиснете на копчето Напојување и потоа повторно изберете ја посакуваната програма и притиснете на копчето Старт/Пауза.Старт/Пауза не е притиснато по избирањето на програмата.Притиснете на копчето Напојување и потоа повторно изберете ја посакуваната програма и притиснете на копчето Старт/Пауза. Апаратот ќе се исклучи ако не го притиснете копчето Старт/Пауза во одредено време.Екстремно низок притисок на водата.Проверете ги другите славини во домот за да видите дали притисокот е соодветен.Машината ја загрева водата или прави пареа.Барабанот може времено да престане да функционира во одредени програми, додека водата не се загрее на соодветната температура.Апаратот запира неколку минути и потоа се рестартира.Уред за заштита на моторот е активиран за да се спречи прегревање на моторот.Ова е нормално. Ако се активира уредот за заштита на моторот, апаратот ќе запре неколку минути и потоа повторно ќе стартува.Копчињата не функционираат соодветно.Активирана е опцијата Child Lock (Заклучување за деца).Деактивирајте ја опцијата Child Lock (Заклучување за деца) ако е тоа потребно.Вратата не се отвора.Откако машината ќе почне со работа, вратата не се отвора поради безбедносни причини.Ова е нормално. Можете безбедно да ја отворите вратата откако ќе исчезне H/Ã.Машината не се полни соодветно.Доводниот филтер е затнат.Проверете дали доводните филтри на вентилите се затнати.Можно е доводните црева да се превиткани.Проверете дали доводните црева се превиткани или затнати.Недоволно снабдување со вода.Проверете дали славините за топла и ладна вода се одвртени целосно.Цревата за топла и ладна вода се испомешани.Проверете дали доводните црева се правилно поврзани.Од машината не се цеди водата.Превиткано одводно црево.Проверете дали одводното црево е превиткано.Местото на одводнување е повисоко од 1 метар над подот.Одводното црево не треба да е повисоко од 1 метар од подот на којшто е поставен апаратот.Детергентот не влегува во машината или влегува делумно.Користите премногу детергент.Следете ги принципите обезбедени од производителот на детергентот.Може да е блокиран одводниот филтер на пумпата.Исчистете го одводниот филтер.Програмата трае подолго од вообичаено.Машината не е наполнета доволно.Додајте уште облека за да се избалансира полнењето на машината.Потешки парчиња се мешаат со полесни парчиња.Секогаш перете парчиња со слична тежина, за машината рамномерно да ја распореди тежината.Полнењето на машината не е избалансирано.Рачно распоредете ја облеката доколку има заплеткани парчиња.Одложен е крајот на циклусот.Тоа се должи на небалансираност, или пак вклучена е програмата за отстранување пена.Ова е нормално. Преостанатото време прикажано на дисплејот е само проценка. Реалното време може да варира.
Работа
Дамките не се ператСе работи за стари дамки.Работите што претходно биле испрани може да имаат веќе вкоренети дамки. Таквите дамки се отстрануваат тешко и може да е потребно рачно перење или претперење за да се отстранат.ДамкиБелилото или омекнувачот прерано се испуштаат.Преградата на диспензерот е преполна. Белилото или омекнувачот пребрзо се диспензираат. Секогаш мерете колку белило или омекнувач треба да ставите за да не преполните.Бавно затворете го диспензерот за детергент.Белилото или омекнувачот се додадени директно врз алиштата во барабанот.Секогаш користете го диспензерот за детергент за да се загарантира правилно диспензирање на белилото или омекнувачот во соодветниот момент според програмата.Алиштата не се правилно сортирани.Секогаш перете темни алишта одделно од светли и бели за да не дојде до мешање на боите.Никогаш не перете многу нечисти алишта со малку нечисти алишта.ТуткањеАлиштата не се навремено извадени од машината.Секогаш вадете ја облеката од апаратот веднаш штом заврши програмата.Машината е преполна.Можете целосно да ја наполните машината, но внимавајте да не го преполните барабанот. Вратичката треба лесно да се затвора.Доводните црева за топла и ладна вода се измешани.Плакнењето со топла вода може да предизвика туткање. Проверете дали добро сте ги поврзале цревата за довод на вода.Брзината на центрифуга може да е преголема.Поставете ја брзината на центрифуга според видот на облека.
Миризба
Мирис на мувла во машинатаБарабанот не е правилно исчистен.Редовно вклучувајте ја функцијата Tub Clean (Чистење на корито под барабан).Непријатна миризба може да се јави доколку одводното црево не е правилно наместено, поради што отпадната вода се враќа во машината.Внимавајте при монтажата одводното црево да не се превитка или блокира.Доколку не го чистите редовно диспензерот за детергент, може да се јави непријатна миризба поради мувла или страни супстанци.Отстранете го и исчистете го диспензерот за детергент, особено горниот и долниот дел од отворот на диспензерот.
ezDispense
Алармот за повторно полнење продолжува да се прикажува по додавањето на детергентот/омекнувачот.Се насобрал детергент/омекнувач на сензорот за ниво на течност.Отворете ги капаците на преградата и исчистете ја внатрешноста на преградите ezDispense со топла вода. Употребете мека четка за да ги отстраните остатоците. Ако постојано се прикажува Refill Alarm, повикајте го сервисот.Количеството детергент/омекнувач е недоволно за сензорот да го открие.Наполнете го детергентот/омекнувачот до линијата MAX во преградата.Премногу/премалку диспензиран детергент или омекнувач.Можеби треба да се промени поставката за стандардна диспензирана количина.Проверете и променете ја поставката за стандардна диспензирана количина.ezDispense не диспензира детергент/омекнувач.Функцијата ezDispense е исклучена.Вклучете ја функцијата ezDispense.Вентилациските отвори се блокирани.Исчистете ги вентилациските отвори за капаците на преградите со топла вода.Детергентот или омекнувачот во преградите ezDispense е стврднат.Исчистете ги преградите ezDispense и променете го детергентот или омекнувачот.Има пена на патеката за плакнење и преостанат е детергент на алиштата по перењето.Детергентот бил употребен при плакнење.Осигурајте се дека детергентот/омекнувачот е правилно ставен. (Десно: детергент / лево: омекнувач)Има нечистотии на ткаенината по перењето.Треба да ја исчистите внатрешноста на системот ezDispense.Ако ги користите обата диспензери за течен детергент, гледајте ezDispense Nozzle Clean (ezDispense чистење на млазница) да биде првиот што ќе се употреби.Од капакот на преградите ezDispense протекува детергент или омекнувач.Потребно ви е хоризонтално одржување на преградата ezDispense.Протекувањето се случува кога преградата ezDispense е навалена. Извлечете ја или вметнете ја преградата ezDispense со двете раце за посигурно.Капакот не е целосно затворен.Сигурно затворете ги капаците на преградите ezDispense. Внимавајте да не ги загубите капаците.
Wi-Fi
Вашиот куќен апарат и паметен телефон не се поврзани со Wi-Fi мрежата.Лозинката за Wi-Fi на коешто се обидувате да се поврзете, е неточна.Пронајдете Wi-Fi мрежа поврзана со вашиот паметен телефон и отстранете ја, потоа регистрирајте го апаратот на LG ThinQ.Мобилниот интернетза вашиот смартфон е вклучен.Исклучете го Мобилниот интернет на вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот, користејќи ја Wi-Fi мрежата.Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви (A-Z) и броеви (0-9). Не користете специјални знаци.Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот.Преголемо е растојанието помеѓу апаратот и рутерот.Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и рутерот, сигналот може да биде слаб и конекцијата може да не биде правилно конфигурирана. Променете ја локацијата на рутерот, за да биде поблиску до апаратот.
Корисничка поддршка и услуги
Стапете во контакт со корисничкиот информативен центар на LG Electronics.За да пронајдете овластен сервисен персонал на LG Electronics, посетете ја нашата веб-страница на www.lg.com и следете ги упатствата таму.Не препорачуваме да правите самостојни поправки бидејќи така може дополнително да го оштетите уредот и да ја поништите гаранцијата.Резервните делови наведени во Регулативата 2019/2023 се достапни во времетраење од минимум 10 години.