Општи совети за сушењето
Користете ги вашите Автоматски програми за сушење на повеќето алишта. Електронските сензори ја мерат температурата на издувната пареа за да ја зголемат или намалат температурата на сушење заради побрзо време на сушење и подобра контрола на температурата.Мора да се остави пуштена чешмата со ладна вода за време на циклусите на сушење.Може лесно да се избере автоматскиот процес на овој апарат од перење кон сушење.За сушење на сите алишта, погрижете се сите алишта да се слични според материјалот и дебелината.Не преполнувајте го апаратот со ставање на премногу алишта во барабанот. Алиштата треба да имаат простор за слободно да се вртат.Ако ја отворите вратата и ги отстраните алиштата пред апаратот да заврши со програмата, не заборавајте да го притиснете копчето Start/Pause.По завршување на сушењето, се појавува Cooling Down is running на екранот и апаратот ги превртува алиштата периодично околу 4 часа за да го намали туткањето. За да ја запрете оваа функција, притиснете Power или Start/Pause и извадете ги алиштата од барабанот.Не сушете волнени алишта. Распостелете ги во нивната оригинална форма и сушете ги на рамна површина.Некои волнени и плетени алишта може да се соберат различно, во зависност од нивниот квалитет.Овие алишта секогаш спрострете ги веднаш по сушењето.Не преполнувајте го апаратот. Извадете ги трајно пресуваните алишта од апаратот веднаш штом ќе заврши програмата за да спречите туткање.Секогаш проверувајте ги упатствата на производителот.Проверете ги етикетите на ќебињата и јорганите пред да ја употребите програмата за сушење. Одредени ќебиња и јоргани може да се смалат поради топлиот воздух.Не сушете алишта направени од пена или што содржат гума или пластика, како на пример:Престилки, детски лигавчиња, прекривки за столчињаПердиња и прекривки за масаЧергичиња за бањаНе сушете предмети од фиберглас во апаратот. Стаклените честички останати во апаратот може да се залепат на вашите алишта и да предизвикаат иритација на кожата.Кога ќе го исклучите циклусот на сушење на апаратот, моторот на фенот за сушење може самиот да продолжи да работи уште 60 секунди.Бидете внимателни кога ги вадите алиштата од апаратот, бидејќи алиштата или апаратот може да се жешки.Проценетото време за сушење се разликува од реалното време за сушење во текот на Автоматскиот циклус. Зависи од видот на ткаенината, големината на полнењето, како и од сувоста избрана по времето за сушење.Кога избирате само сушење, центрифугирањето се одвива автоматски заради енергетска ефикасност.
Употреба на програма за сушење
Може да ги приспособите програмите со притискање на копчето Ä Dry повеќепати за да ги прелистате опциите:Одговара за програма за сушење со ниска потрошувачка на струја.Одговара за пеглање со цел лесно сушење на облеката додека е влажна.Изберете ја оваа функција за да извлечете подобри резултати од сушењето за разлика од опцијата Cupboard со слични поставки.Го намалува времето на сушење и потрошената струја во текот на програмата за сушење.Употребете ја оваа функција за промена на времето на сушење според максималното полнење.Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот.Притиснете на копчето Power.Додајте детергент.Изберете програма за перење.Прилагодете ја програмата за сушење по потреба.Притиснете на копчето Start/Pause.Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот.Притиснете на копчето Power.Не избирајте програма за перење и не додавајте детергент.Изберете програма за сушење.Прилагодете ја програмата за сушење по потреба.Притиснете на копчето Start/Pause.