Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат.
Од причини што не може да се препишат како немарност на LGE, услугата може да не работи поради надворешни фактори, како што се, но неограничувајќи се на недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi конекцијата, политиката на продавницата за апликации или недостапноста на апликацијата.
Оваа функција може да е предмет на промена без претходна најава и може да има поразлична форма во зависност од тоа каде сте лоцирани.
Користење LG ThinQ за дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати податоците за проблемот на паметен телефон преку апликацијата LG ThinQ.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата во апликацијата LG ThinQ.
Користење звучна дијагноза за дијагностицирање проблеми
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.Притиснете го копчето Power за да ја вклучите машината.Притиснете го копчето ε Settings.Свртете го копчето за да изберете More Settings и притиснете го копчето 8.Свртете го копчето за да изберете Smart Diagnosis и притиснете го копчето 8.Поставете го делот со микрофон на паметниот телефон блиску до копчето Power и притиснете го копчето 8.Држете го делот со микрофонот до копчето Power додека да заврши преносот на податоци.Откако ќе заврши преносот на податоци, апаратот ќе се исклучи.За најдобри резултати, не поместувајте го паметниот телефон додека се пренесуваат тоновите.