Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот > Пораки за грешка

Пораки за грешка

Door open

Вратата е отворена.

  • Отворете и затворете ја вратата повторно. Ако пораката продолжи да се појавува, исклучете го кабелот за напојување и јавете се на сервис.

Door unlocked

Вратата не е обезбедена.

  • Затворете ја и обезбедете ја вратата. Ако пораката продолжи да се појавува, исклучете го кабелот за напојување и јавете се на сервис.

Water supply

Снабдувањето со вода не е соодветно за таа локација. Водата не влегува во машината или влегува бавно.

  • Направете проверка со друга славина во куќата.

Славината за снабдување со вода не е целосно отворена. Водата не влегува во машината или влегува бавно.

  • Отворете ја славината целосно.

Доводното црево е превиткано.

  • Исправете го цревото или ставете ново.

Затнат е филтерот на доводното црево.

  • Проверете го и исчистете го филтерот за доводниот вентил откако ќе ја исклучите славината и ќе ги отстраните спојките за цревото од машината за перење.

Drainage

Одводното црево е извиткано или затнато. Водата не се цеди од машината или се цеди бавно.

  • Исчистете го и исправете го одводното црево.

Одводниот филтер е затнат.

  • Проверете и исчистете го одводниот филтер.

Unbalance

Машината располага со систем кој ја открива и ја корегира неизбалансираноста на машината.

  • Ако алиштата се премногу влажни кон крајот на циклусот, прередете ги за да овозможите соодветно цедење со центрифуга. Затворете ја вратичката и стиснете на копчето Start/Pause. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.

Премалку алишта. Можно е системот да престане да врти или да ја прекине центрифугата доколку во машината има тешки парчиња (на пр. ќилимче, бањарка итн).

  • Додајте 1 или 2 слични или помали парчиња алишта за да биде избалансирано полнењето. Затворете ја вратичката и притиснете го копчето Start/Pause. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.

No water detected

Сензорот за нивото на водата не работи.

  • Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер. Повикајте сервисер.

Motor error

Оптоварување на моторот.

  • Исклучете ја машината и оставете да се излади моторот 30 минути, а потоа рестартирајте ја програмата.

Water too high

Се преполнува со вода поради можен дефектен вентил за вода.

  • Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер. Повикајте сервисер.

Freeze error

Да не се замрзнати цревото за довод/одвод или одводната пумпа?

  • Ставете топла вода во барабанот за да се одмрзне одводното црево и одводната пумпа. Прекријте го доводното црево со влажна и топла крпа.

No temp detected

Постои проблем со контролите.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

Vibration sensor

Сензорот за вибрации не работи.

  • Повикајте сервис.

Communication Error

Апаратот не работи правилно.

  • Повикајте сервис.

Water leakage

Претекува вода.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

Temperature sensor error

Термисторот не функционира.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

Compressor error

Компресорот не функционира.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

Drum temperature error

Температурата во барабанот наеднаш се покачи.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

Inverter PCB error

PCB на инвертерот не работи правилно.

  • Повикајте сервис.

Fan motor error

Моторот на вентилаторот не работи.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

Dry error

Не работат функциите само за сушење.

  • Повикајте сервис.

Turbidity sensor

Сензорот за заматеност е неисправен.

  • Повикајте сервис.