Горе > МОНТАЖА > Нивелирање или порамнување на вратата > Порамнување на врата

Порамнување на врата

Вратите на фрижидерот и замрзнувачот имаат приспособливи навртки кои се ноаѓаат на долната шарка за да може да се крева и спушта вратата заради правилно порамнување.

Ако просторот помеѓу вратите е нерамен, следете ги упатствата подолу за да ја порамните вратата користејќи клуч (вклучен со упатството за корисник).

Врата на замрзнувачот

Отворете ја вратата на замрзнувачот и користете го клучот за да ја завртите навртката во шарката на вратата за да ја приспособите висината.

Врата на фрижидерот

Начинот на порамнување на врата може да се разликува зависно од моделот.

Фрижидер од тип А

И левата и десната врата на фрижидерот имаат матица за прилагодување која се наоѓа на долната шарка за да може да се крева или спушта вратата соодветно.

Ако зазорот меѓу вратите е нееднаков дури и по полнење на корпите на вратите, следете ги упатствата долу за да ги порамните еднакво:

Користете го клучот (што сте го добиле со прирачникот за корисници) за да ја завртите навртката во шарката на вратата за да ја приспособите висината. Завртете ја навртката кон десно за да ја кренете вратата или кон лево за да ја спуштите.

Фрижидер од тип Б

Лева врата на фрижидерот

Левата врата на фрижидерот има матица за прилагодување која се ноаѓа на долната шарка за да може да се крева и спушта вратата заради правилно порамнување.

Ако зазорот меѓу вратите е нееднаков, следете ги упатствата долу за да ја порамните левата врата:

Користете го клучот (што сте го добиле со прирачникот за корисници) за да ја завртите навртката во шарката на вратата за да ја приспособите висината. Завртете ја навртката кон десно за да ја кренете вратата или кон лево за да ја спуштите.

Десна врата на фрижидерот

Десната врата на фрижидерот нема матица за прилагодување.

Ако зазорот меѓу вратичките е нееднаков, следете ги упатствата долу за да ја порамните десната врата:

  • Кренете ги надворешните и внатрешните делови на десната врата за да ги кренете до средната шарка. (Можеби кревањето ќе ви биде полесно додека вратите се отворени.)

  • Додека вратата е крената, имајте некој до вас кој ќе го вметне C-прстенот на средната шарка. C-прстенот може да се разликува од модел до модел.

  • Тип A

    Користете клешти за да го вметнете C-прстенот на средната шарка од внатрешниот дел на вратата како што е прикажано. Вметнете дополнителни C-прстени додека не се порамни десната врата.

  • Тип B

    Вметнете само еден од C-прстените на средната шарка од внатрешниот дел на вратата како што е прикажано.

    • Ако C-прстенот е веќе вметнат на средната шарка, отстранете го пред да го вметнете новиот C-прстен.

ВНИМАНИЕ
  • Вратата е тешка. За да избегнете повреди, повикајте уште едно или повеќе лица за кревање и порамнување на вратата на фрижидерот.

  • Малите делови претставуваат опасност бидејќи децата можат да ги проголтаат. Чувајте ги C-прстените подалеку од деца.

  • Не вметнувајте го C-прстенот на шарката на надворешниот дел на вратата.