BT Speaker
Држете го копчето BT Speaker 3 секунди за да го поврзете Bluetooth-звучникот со други уреди со Bluetooth.
Express Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е 3 °C.
Colour Mode
Притиснете Colour Mode за да го вклучите или исклучите LED-осветлувањето на панелите на вратата.
Wi-Fi
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
Air Filter
Заменете го филтерот за воздух кога ќе засвети индикаторската сијаличка. Откако ќе го замените филтерот за воздух, притиснете и држете го копчето Air Filter во траење од 3 секунди за да ја исклучите индикаторската сијаличка. Менувајте го филтерот за воздух приближно на секои шест месеци.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.
Кога апаратот е во режим за заштеда на енергија, дисплејот останува исклучен сѐ до отворањето на вратата или притискањето на копчето. Штом се вклучи, дисплејот останува вклучен 20 секунди.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.
Прикажаната температура е целна температура, а не актуелната температура на апаратот. Актуелната температура на апаратот зависи од храната во апаратот.
Апаратот има заземјено поврзување наменето само за функционални цели.