Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ

Апликација LG ThinQ

Апликацијата „LG ThinQ“ Ви овозможува да комуницирате со уредот со помош на паметен телефон.

Содржи теми

Карактеристики на апликацијата LG ThinQ

Комуницирајте со апаратот од смарт телефон со помош на практичните смарт функции.Ви овозможува контрола над апаратот од далечина преку апликацијата LG ThinQ.Можете да преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.Можете да преземете разни специјализирани циклуси специфични за апаратот ако сте го регистрирале.Откако ќе заврши преземањето на циклусот во апаратот, апаратот ќе го задржи преземениот циклус се додека не се преземе нов циклус.Само еден циклус може да биде зачуван во апаратот истовремено.Оваа функција покажува уште колку циклуси преостануваат до почетокот на функцијата Tub Clean (Чистење на корито под барабан).Оваа функција ја проверува потрошувачката на електрична енергија на последните циклуси и месечниот просек.Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајќи се на образецот на употреба.Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.Кога циклусот е завршен или кога апаратот има проблеми, постои опција да добивате мобилни известувања на паметниот телефон. Известувањата се активираат дури и ако апликацијата LG ThinQ е исклучена.Во следниве случаи, мора да ги ажурирате информациите за мрежата за секој апарат во апликацијата LG ThinQ под Картички на уред > Поставки > Смени мрежа.безжичниот рутер е променетлозинката на безжичниот рутер е променетапроменет е провајдерот на интернет услугитеАпликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.

Инсталирање на апликацијата LG ThinQ и поврзување апарат на LG

Скенирајте го QR кодот прикачен на производот со камера или апликација читач на QR кодови на вашиот паметен телефон.Побарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ од Google Play Store или Apple App Store на паметен телефон.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.Допрете го копчето за додавање (~) на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете апаратот на LG. Следете ги упатствата во апликацијата за да го завршите процесот.За да ја потврдите Wi-Fi врската, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролниот панел.Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот провајдер со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу поврзувањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од поврзувањето на мрежата.Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да е потребен подолг временски период за поврзување или може инсталацијата да е неуспешна.Ако апаратот има проблеми околу поврзувањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.Апаратот не може да се поврзе поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Исклучете го апаратот од штекер и почекајте околу една минута пред да се обидете повторно.Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви (A-Z) и броеви (0-9). Не користете специјални знаци.Smartphone корисничкиот интерфејс (UI) може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во поставувањето на мрежата. Променете во други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно поврзете го производот.

Активирање на мрежното поврзување

Вклучете ја апликацијата LG ThinQ.Изберете и допрете на Машина за перење алишта со предно полнење во апликацијата.Притиснете го копчето Напојување на контролната табла.Притиснете и држете го копчето Wi-Fi 3 секунди на контролната табла.LED-сијаличката за Wi-Fi ќе трепка за време на процесот на поврзување.

Користење на уредот од далечина

Користете паметен телефон за да можете далечински да го контролирате вашиот апарат. Исто така можете да ја набљудувате и работата на одбраниот циклус, за да знаете уште колку време преостанало од циклусот.Ставете ја облеката во барабанот.Ако сакате, можете да додадете белило или омекнувач на ткаенина во соодветните прегради за диспензирање.Притиснете на копчето Напојување.Притиснете го копчето Remote Start (Далечинско започнување) за да ја овозможите функцијата за далечински управувач.Започнете го циклусот преку апликацијата LG ThinQ на вашиот паметен телефон.Откако ќе се вклучи оваа функција, можете да го започнете циклусот само преку апликацијата за паметен телефон LG ThinQ. Ако циклусот не започне, машината ќе чека тој да започне сè додека не ја исклучите функцијата со далечинска контрола преку апликацијата.Ако е отворена вратичката, циклусот не може да започне со далечинска контрола.Кога оваа функција е активирана, притиснете го копчето Remote Start (Далечинско започнување).

Деактивирање на мрежното поврзување

Вклучете ја апликацијата LG ThinQ.Изберете и допрете го апаратот што сте го регистрирале во апликацијата.Изберете и допрете Избриши уред во менито со поставки и отповрзете.Притиснете го копчето Напојување на контролната табла.Притиснете и задржете ги копчињата Delay End (Одложи крај) и Remote Start (Далечинско започнување) истовремено 3 секунди за деактивација на мрежното поврзување.

Спецификации за радио-опрема

ТипРаботен фреквентен опсегИзлезна моќност (Макс.)Безжична LAN2400 MHz ~ 2483,5 MHz< 100 mWBluetooth*1Оваа опција е достапна само кај некои модели.Корисникот треба да има на ум дека апаратот треба да се постави и да работи на минимално растојание од 20 cm од телото на корисникот.

Изјава за усогласеност

LG Electronics изјавува дека радио-опремата од типот за машина за перење е усогласена со Директивата 2014/53/ЕУ. Целосниот текст од изјавата за усогласеност на ЕУ, можете да ја пронајдете на следната интернет адреса:http://www.lg.com/global/support/cedoc/cedoc#

Известување за софтвер со отворен код

За да го добиете изворниот код согласно GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен код со кои постои обврска за разоткривање на изворниот код содржан во производов и за пристап до сите споменати услови на лиценцата и известувања за авторски права, одете на https://opensource.lge.com.LGE исто така ќе ви овозможи слободен код за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување по барање преку е-пошта на opensource@lge.com.Понудава има важност во период од три години по нашата последна испорака во врска со производов за секој што ги добива информацииве.