Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат.
Од причини што не може да се препишат како немарност на LGE, услугата може да не работи поради надворешни фактори, како што се, но неограничувајќи се на недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi конекцијата, политиката на продавницата за апликации или недостапноста на апликацијата.
Оваа функција може да е предмет на промена без претходна најава и може да има поразлична форма во зависност од тоа каде сте лоцирани.
Користење LG ThinQ за дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати податоците за проблемот на паметен телефон преку апликацијата LG ThinQ.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата во апликацијата LG ThinQ.
Користење звучна дијагноза за дијагностицирање проблеми
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината.Не притискајте ниедно од копчињата.Поставете го делот на паметниот телефон за зборување блиску до копчето Напојување.Притиснете го и држете го копчето Temp. (Темп.) 3 секунди или подолго додека го држите делот на паметниот телефон за зборување до копчето Напојување сè додека не заврши преносот на податоците.Не преместувајте го паметниот телефон додека не заврши преносот на податоците. Се прикажува преостанатото време потребно за трансфер на податоци.Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.За најдобри резултати, не поместувајте го паметниот телефон додека се пренесуваат тоновите.