За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица при користење на производот, треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги следните.
Техничка безбедност
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.Деца помали од 3 години треба да се држат понастрана од апаратот, освен ако се под надзор.Ако кабелот за струја е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот, негов сервисер или слично квалификувано лице со цел да се избегне опасност.Отворите за вентилација не смеат да бидат блокирани од тепих.Овој апарат е наменет да се користи само во домаќинства.Користете нови црева или комплетот црева испорачани заедно со уредот. Повторната употреба на стари црева може да предизвика протекување на вода и подоцнежни оштетувања на имотот.Притисокот на вода треба да е помеѓу 50 kPa и 800 kPa.
Максимален капацитет
Максималниот капацитет во некои циклуси за перење на суви алишта е 10 kg.Препорачаниот максимален капацитет за секоја програма за перење може да се разликува. За да добиете добри резултати од перењето, погледнете ја Табела со програми во поглавјето РАБОТЕЊЕ за дополнителни детали.
Монтажа
Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.Проверете дали приклучокот за струја е целосно вметнат во штекерот.Не вклучувајте го уредот во повеќе штекери, кабли со повеќе приклучоци или продолжни кабли.Не менувајте го приклучокот што доаѓа со уредот. Доколку не одговара на штекерот, повикајте електричар за да постави правилен приклучок.Овој апарат е опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување (клин за заземјување) и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде приклучен во соодветен штекер, којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните правила и закони.Неправилното поврзување на спроводникот за заземјување може да доведе до ризик од струен удар. Направете проверка со квалификуван електричарски или сервисен персонал ако не сте сигурни дали машината е правилно заземјена.
Работење
Никогаш не обидувајте се да го користите апаратот ако е оштетен, ако не функционира правилно, ако е делумно расклопен или ако му недостасуваат делови или пак се скршени, како и ако му е оштетен кабелот или приклучокот.Не ракувајте со контролната табла со остри предмети.Не вадете ги панелите и не расклопувајте ја машината.Не поправајте и не заменувајте делови од машината. Сите поправки и сервисирања мора да ги изведе квалификуван сервисен персонал освен ако не е поинаку одредено во овој прирачник за корисници. Употребувајте само авторизирани фабрички делови.Кога е отворена вратата не притискајте ја силно надолу.Не ставајте жживотни во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши.Не перете алишта на чија етикета производителот посочува дека не се перат во машина.Под и околу вашиот апарат не треба да има запалливи материјали како влакненца, хартија, крпи, хемикалии итн.Не оставајте ја вратата на овој апарат отворена. Децата може да се нишаат на вратата или пак да влезат во апаратот и да предизвикаат штета или да се повредат.Не ставајте во апаратот, не перете и не сушете алишта што биле исчистени, испрани, потопени или испрскани со запалливи или експлозивни супстанции (како на пример, восок, средства за отстранување восок, масло, боја, бензин, одмастувачи, хемикалии за хемиско чистење, керозин, петролеј, средства за отстранување дамки, терпентин, растително масло, масло за готвење, ацетон, алкохол итн.). Несоодветната употреба може да предизвика пожар или експлозија.Не користете или не чувајте запалливи супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалија, LPG, запаллив спреј, бензин, разредувач, петролеј, инсектицид, освежувач на воздух, козметика итн.) во близина на апаратот.Никогаш не отворајте го апаратот додека работи. Почекајте додека не запре целосно барабанот.Не допирајте ја вратата за време на програмите со висока температура.Ако протече вода од апаратот или се поплавите, исклучете го од струја и јавете се во информативниот центар за корисници на LG Electronics.Исклучете ги славините за вода за да се ослободи притисокот од цревата и вентилите и за да се минимизира протекувањето ако се појави пукнатина. Проверете ја состојбата на цревата за полнење; треба да се менуваат на 5 години.Ако истече гас (изобутан, пропан, природен гас итн.) во домот, не допирајте го уредот и приклучокот и веднаш проветрете ја просторијата.Ако одводното или доводното црево е замрзнато во текот на зимата, користете го само откако ќе се одмрзне.Чувајте ги настрана од дофат на деца сите детергенти за перење, омекнувачи и белила.Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте тешки предмети врз него.Не допирајте ја водата што се исцедува од уредот во текот на перењето.Погрижете се правилно да се испушта водата. Ако водата не се испушта правилно, подот може да се поплави.Кога температурата на воздухот е висока, а температурата на водата е ниска, може да се појави кондензација и така да се намокри подот.Избришете ги нечистотиите или правта од контактните површини на приклучокот за струја.
Одржување
Исклучете го апаратот од струја пред да започнете со негово чистење. Подесувањето на контролите на ИСКЛУЧЕНО или во мирување не го исклучува апаратот од струја.Безбедно приклучете го приклучокот за струја во штекерот откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав од него.Не прскајте вода во внатрешноста или на надворешноста за да го исчистите апаратот.Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со тегнење на кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за струја и потегнете го од штекерот во права насока.Само квалификуван сервисен персонал од сервисен центар на LG Electronics треба да го расклопува, поправа или модифицира апаратот. Стапете во контакт со информативниот центар за корисници на LG Electronics ако сте го преместиле и поставиле апаратот на поразлична локација.
Фрлање
Пред да го фрлите стариот апарат, исклучете го од струја. Исечете го кабелот директно зад апаратот, за да спречите неправилна употреба.Отстранете ги сите материјали за пакување (како на пример, пластични кеси и стиропор) подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.Исечете го кабелот за струја и отстранете ја вратичката пред исфрлање на апаратот за да се избегне опасноста деца или мали животни да се заглават во него.