Пред монтажата на апаратот, прочитајте ги следните информации со цел апаратот да се монтира на соодветно место.
Локација за монтажа
Овој апарат мора да биде поставен на цврст под за да се минимизираат вибрациите за време на циклусот на центрифуга. Бетонскиот под е најдобар бидејќи е најмалку подложен на вибрации за време на циклусот на центрифуга во споредба со дрвениот под или под со тепих.Доколку уредот морате да го поставите до шпорет на плин или печка на јаглен, поставете изолација (850 х 600 mm) меѓу нив покриена со алуминиумска фолија на страната свртена накај шпоретот или печката.Потрудете се машината да биде монтирана на место кое е лесно пристапно за инженер во случај на нејзино расипување.Кога го поставувате апаратот, приспособете ги сите четири ногарки со помош на клучот за завртките за транспорт за да се загарантира стабилноста на апаратот.Проверете дали има доволно простор за целосно отворање на вратата на апаратот.За да обезбедите ефикасно расчистување на цревата за влез на вода, цревото за одвод и протокот на воздух, дозволете минимален простор од најмалку 20 mm на страните и 100 mm зад уредот. Бидете сигурни ова да го овозможите за ѕидови, врати или подни лајсни, кои можат да ја зголемат потребата за овие расчистувања.IndexРастојание (mm)A100B5C20Овој уред мора да се користи само за домашни потреби и не треба да се употребува во мобилни апликации.
Дрвени подови (Висечки подови)
Кога го поставувате апаратот на дрвен под, употребете ги гумените подлошки за да ги намалите преголемите вибрации и неизбалансираноста. Дрвениот или висечки под може да придонесе кон преголеми вибрации или неизбалансираност, грешки и дефекти.За да ги намалите вибрациите, ви препорачуваме да поставите гумени подлошки a со дебелина од најмалку 15 mm на секоја ногарка на апаратот и да ги прицврстите на барем две греди на подот со помош на завртки.Доколку е можно, поставете го уредот во еден од аглите во просторијата, каде подот е постабилен.Поставете ги гумените чашки за да ги намалите вибрациите.Ако апаратот е поставен на нестабилен под (пр. дрвен под), гаранцијата нема да ги опфати штетите што се случиле како резултат на нестабилниот под.Можете да купите гумени подлошки (бр. на дел 4620ER4002B) од сервисниот центар на LG.
Вентилација
Проверете дали воздухот што треба да циркулира околу апаратот е попречен од ќилими, черги итн.
Собна температура
Не монтирајте го апаратот во простории каде што температурата може да се спушти до точка на замрзнување. Замрзнатите црева може да пукнат под притисокот. Може да биде доведена во прашање електричната контрола при температура под точката на замрзнување.Ако апаратот е испорачан во зима при температура под точката на замрзнување, оставете го на собна температура неколку часа пред да го пуштите во функција.
Поврзување со струја
Не користете продолжен кабел или двоен адаптер.Секогаш исклучувајте ја машината од струја и исклучете го доводот за вода по употреба.Поврзете го апаратот со заземјен штекер во согласност со важечките регулативи за поврзување кабли.Апаратот мора да се постави така што приклучокот ќе биде лесно достапен.Штекерот мора да се наоѓа на 1 метар од која било страна на апаратот.Поправките на апаратот смее да ги изведува само квалификуван персонал. Поправките изведени од неискусни лица може да предизвикаат повреда или сериозен дефект. Стапете во контакт со локален овластен сервисер на LG.Приклучокот за струја мора да биде приклучен во соодветен штекер којшто е монтиран и заземјен согласно сите локални правила и закони.