Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот > Пораки за грешки

Пораки за грешки

1E

ГРЕШКА СО ДОВОДОТ

Снабдувањето со вода не е соодветно на таа локација. Водата не влегува во апаратот или влегува бавно.

  • Проверете со друга чешма во домот.

Чешмата за снабдувањето со вода не е целосно отворена. Водата не влегува во апаратот или влегува бавно.

  • Целосно отворете ја чешмата.

Доводното црево (црева) се извиткани.

  • Исправете го цревото или ставете ново.

Филтерот на доводното црево (црева) е затнат.

  • Проверете го и исчистете го филтерот на доводниот вентил по исклучување на чешмата и отстранете ги приклучоците на цревото за машината за перење.

UE

ГРЕШКА ПОРАДИ НЕБАЛАНСИРАНОСТ

Машината располага со систем кој ја открива и ја корегира неизбалансираноста на машината.

  • Ако алиштата се премногу влажни кон крајот на циклусот, прередете ги за да овозможите соодветно цедење со центрифуга. Затворете ја вратичката и стиснете на копчето Старт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.

Премалку алишта. Можно е системот да престане да врти или да ја прекине центрифугата доколку во машината има тешки парчиња (на пр. ќилимче, бањарка итн).

  • Додајте 1 или 2 слични или помали парчиња алишта за да биде избалансирано полнењето. Затворете ја вратичката и притиснете го копчето Старт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.

OE

ГРЕШКА СО ОДВОД НА ВОДАТА

Одводното црево е извиткано или затнато. Водата во апаратот не се испушта или се испушта бавно.

  • Исчистете и исправете го одводното црево.

Одводниот филтер е затнат.

  • Проверете и исчистете го одводниот филтер.

dE dE1 dEz dE4

ГРЕШКА СО ВРАТАТА

Сензорот на вратата не работи.

  • Јавете се во сервисниот центар на LG. Телефонскиот број на локалниот сервисен центар на LG е наведен на гаранцијата.

tE

ГРЕШКА СО КОНТРОЛА

Ова е грешка со контрола.

  • Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.

LE

ГРЕШКА СО БЛОКИРАН МОТОР

Преоптоварување на моторот.

  • Оставете апаратот да отстои 30 минути додека моторот не се излади и потоа рестартирајте го циклусот.

FE

ГРЕШКА СО ПРЕТЕКУВАЊЕ

Водата претекува поради можен проблем со вентилот за вода.

  • Затворете ја чешмата за вода. Исклучете го приклучокот од штекер. Повикајте го сервисот.

PE

ГРЕШКА СО СЕНЗОРОТ ЗА ПРИТИСОК

Дефекти со сензорот за ниво на вода.

  • Затворете ја чешмата за вода. Исклучете го приклучокот од штекер. Повикајте го сервисот.

vs

ПРОБЛЕМ СО СЕНЗОРОТ ЗА ВИБРАЦИИ

Сензорот за вибрации не работи.

  • Повикајте сервис.

FF

ГРЕШКА ПОРАДИ ЗАМРЗНУВАЊЕ

Дали доводното/одводното црево или пумпата за испуштање вода се замрзнати?

  • Пуштете топла вода во барабанот за да се одмрзне одводното црево и пумпата за испуштање вода. Покријте го доводното црево со влажна и топла крпа.

AE

ПРОТЕКУВАЊЕ ВОДА

Претекува вода.

  • Повикајте сервис.

PF

ПРОБЛЕМ СО НАПОЈУВАЊЕТО СО СТРУЈА

Проблем со напојувањето со струја или со електриката за време на работата.

  • Притиснете го копчето Старт/Пауза за да го рестартирате циклусот.